Русалии

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Скопје, Русалии, од 1930-ти години

Русалии се мажи облечени во специјална народна носија кои изведуваат обредни игри со магиска содржина, и тоа во деновите од 6 до 15 јануари, наречени од народот „Некрстени дни".[1]

Опис[уреди | уреди извор]

Оваа носија со обредна намена се состои од платнена кошула и фустан - бело платнено, многу набрано здолниште, кое се носи преку белите клашнени ногавици - ѕиври на горниот дел на телото се носи елек од пругасто - шарена волнена ткаенина, врз кој се носат украсни додатоци и декоративно орнаментирани крпи. Волнени црвени чорапи, со многу вплетени геометриски мотиви и опинци го оформуваат обувањето на нозете. Оваа декоративна носија е дополнета со дрвена сабја - алачка што играорецот русалија ја држи во рака, а при изведувањето на обредната игра замавнува со неа, со цел да ги растера и уништи лошите демони.

Кузман Шапкарев во спојот фолклорен прилог за овој „древен обичај од јужна Македонија“ изнел драгоцени податоци за Русалиите.[2] „Пред да се соберат за тргнување секој од играчите се простува од дома како да тргнува на дејствителна војна од која не се знае дали ќе се врати назад жив и здрав. Многу пати се случувало мнозина русалии да не се вратат ниту живи ниту умрени затоа што ги погребувале на местото на смртта во пресметката со друга русалиска дружина“.

Наводи[уреди | уреди извор]