Мокриево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мокриево
Mokrievo (4).jpg

Поглед кон Мокриево

Мокриево се наоѓа во Republic of Macedonia
Мокриево
Местоположба на Мокриево во Македонија
Координати 41°22′30″ СГШ 22°50′18″ ИГД / 
Општина Општина Ново Село
Население 1.211 жит.
(поп. 2002)

Мокриево — село во Општина Ново Село, во околината на градот Струмица.

Парк во селото
Река во селото
Стариот јавор на Пирго

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Мокриево се наоѓа во подножјето на планината Беласица, на надморска височина од 340 метри. Од најблискиот град Струмица е одалечен 22 километри.

Историja[уреди | уреди извор]

Среден век[уреди | уреди извор]

Постојат две верзии за потеклото на името Мокриево. Едната е дека потекнува од грчкиот збор „макро“, што значи големо или долго, а втората дека потекнува од зборот „мокро“, со значење место богато со вода.

Над селото се наоѓа разурната кула, која народот ја нарекува Пирго, сметајќи дека потекнува од времето на Цар Самуил и Беласичката битка од 29 јули 1014 година. Поради тоа, секоја година на 10 август (29 јули според стариот календар), сите жители се искачуваат на Пирго, каде што се наоѓаат и трите стари јавори (еден од јаворите неодамна бил исечен) од времето на битката.

Селото прв пат е споменато во повелбите на браќата Јован Драгаш и Константин Дејановиќ и нивната мајка Евдокија од 1376 и 1377 година, кога било подарено на светогорскиот манастир „Свети Панталејмон“.

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Југославија[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, во рамките на СФРЈ.

Македонија[уреди | уреди извор]

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Ново Село.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во почетокот на 20 век, селото било со мешано население. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 година,Макриево е наведено како село со 60 домаќинства и 198 жители Македонци и 36 Турци.[1][2]Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Мокриево живееле 1.880 жители, од кои 980 Турци и 900 Македонци.[3]

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 784 Македонци, патријаршисти[1][4] и функционирало грчко училиште.

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.211 жители. Следува табела на националната структура на населението[5]

Националност Вкупно
Македонци 1 204
Турци 0
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 3
Бошњаци 0
Други 4

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[6]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 1.880[3] 784[4] 1.495 1.640 1.381 1.471 1.497 1.484 1.324 1.211

Мокриево е голема населба, но со благо намалување на бројот на населението.

Образование[уреди | уреди извор]

Во 1870 година, основано е првото училиште во селото. Во почетокот на XX век, постоеле две училишта: патријаршиско (грчко) и егзархиско (бугарско). Денес во селото функционира четиригодишно училиште ОУ „Видое Подгорец“, во склоп на ОУ „Видое Подгорец“ од Колешино.

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Мокриево има сопствена пошта, здравствена станица, ветеринарни станици, матично одделение, месна заедница, дом за разонода формиран од луѓето кои се иселиле во странство.

Селската црква „Свети Пантелејмон“ била изградена во 1870 година. Тоа може да се заклучи од натписот на дарителите. Таа била зографисана во 1874 година, од страна на Андон Петров од селото Гари, Дебарско.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Кон крајот на XIX век, била откриена стара црква и голема камена плоча на старословенски јазик, која била уништена.

Во непосредна близина на селото се наоѓа средновековната кула Пирго.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Селската слава се одбележува на 9 август.

На 13 и 14 јануари редовно се одржуваат Страчинарските игри, кои се всушност василичарски карневал.

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Селото има и свој фудбалски клуб со име „Подгор“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  2. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 186-187.
  3. 3,0 3,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 160.
  4. 4,0 4,1 D.M.Brancoff. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905. рр. 106-107
  5. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  6. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]