Прејди на содржината

Ново Коњарево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ново Коњарево

Воздушен поглед на селото

Ново Коњарево во рамките на Македонија
Ново Коњарево
Местоположба на Ново Коњарево во Македонија
Ново Коњарево на карта

Карта

Координати 41°23′39″N 22°56′23″E / 41.39417°N 22.93972°E / 41.39417; 22.93972
Регион Југоисточен
Општина Ново Село
ОбластСтрумичко Поле
Население во атар1518 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.2434
Повик. бр.034
Шифра на КО27064, 27564
Надм. вис.215 м
Ново Коњарево на општинската карта

Атарот на Ново Коњарево во рамките на општината
Ново Коњарево на Ризницата
Објаснувања за населението

1 Државниот завод за статистика го пресметува населението врз основа на бројот на жители кои живеат во рамки на атарот на населеното место
2 Податокот го содржи населението што живее во пописниот круг за населеното место, исклучувајќи ги или додавајќи ги бројот на жители кон други населени места.

Ново Коњарево — село во Општина Ново Село, во областа Струмичко Поле, во околината на градот Струмица.

Потекло и значење на селото

[уреди | уреди извор]
Влезот на селото

Името на селото се сретнува и како Ново Кунаране. Тоа се поврзува со соседното село Коњарево (денес наречено Старо Коњарево), чие име се споменува во средниот век како Кунаране. Името доаѓа од ново и Коњарево, што е изведено од ојконимот Коњари со значење коњар (човек што чува коњи).[2]

Кога било основано ова село во 1931 година, најпрвин било наречено Белите Кашти („Белите Куќи“), а по војната по името на соседното село Коњарево, ова село го добива името Ново Коњарево.[3]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во крајниот југоисточен дел на Струмичкото Поле и во источниот дел на територијата на Општина Ново Село, чиј атар нашироко се допира со државната гранична линија со Бугарија.[4] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 215 метри. Од градот Струмица, селото е оддалечено 31 километар.[4]

Низ селото поминува државниот пат А4, кој завршува кај граничниот премин Ново Село со Бугарија, сместен на само 1 километар од селото.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]

Селото било основано во 1931 година од 15 семејства, српски колонисти, и во почетокот се викало Белите Кашти („Белите Куќи“). Во 1941 година овие семејства биле протерани од бугарската војска. По војната во 1945 година, селото го населиле жителите на Бадолен.[3]

Во близина на селото има споменик наречен „Апостолски премин“, изграден во чест на битката од 1943 година помеѓу окупаторската и македонската војска, предводена од генералот Михајло Апостолски.[3]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот на селото зафаќа простор од 15,9 километри квадратни. На него шумите заземаат површина од 917 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 475 хектари, а на пасиштата 131 хектар.[4]

Во основа, селото има полјоделско-шумарска функција. Во минатото, во селото работела земјоделска задруга, а денес работат услужни објекти.[4]

Население

[уреди | уреди извор]

Во однос на населението, Ново Коњарево пораснало од средно во големо село до 2000-тите години. Така, во 1961 година селото броело 574 жители, а во 1994 година 1.040 жители, исклучиво населено со македонско население.[4]

Според пописот од 2002 година, селото Ново Коњарево броело 934 жители, од кои 932 Македонци и 2 Срби.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 518 жители, од кои 448 Македонци, 1 Албанец и 69 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население — — 345 368 574 750 1.130 1.205 1.040 934 518
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Значаен дел од населението е во странство (Швајцарија, Италија, Германија и други места) или претежно се занимава со земјоделство, од причина што земјата е многу плодна и успеваат многу земјоделски култури.

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Ново Село, која била една од ретките што останала непроменета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Ново Село.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струмица. Селото припаѓало на некогашната општина Ново Село во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Ново Село, во која покрај селото Ново Коњарево, се наоѓале и селата Бадолен, Барбарево, Бајково, Дражево, Зубово, Ново Село, Смолари, Старо Коњарево, Стиник и Сушица. Во периодот 1950-1952 постоела Општина Бајково во која влегувале селата Бадолен, Бајково и Ново Коњарево.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постојат избирачките места бр. 1791 и 1791/1 според Државната изборна комисија, сместени во домот на културата.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.110 гласачи.[12] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.091 гласач.[13]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта[14]
  • Градиште — утврдена населба од доцноантичкото време;
  • Селска Нива — населба од доцноантичкото време; и
  • Црквичка — доцноантичка и средновековна населба.
Цркви[15]
Споменици
  • Споменик на НОБ кај Апостолски премин; и
  • Спомен-плоча на НОБ кај Апостолски премин.
Реки
Езера

Личности

[уреди | уреди извор]
Родени во или по потекло од Ново Коњарево

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]
  • ФК „Граничар“ — фудбалски клуб од селото
  • ОК „Граничар“ — одбојкарски клуб од селото

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. ↑ Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 119. ISBN 978-608-220-026-2.
  3. 1 2 3 4 „Ново Коњарево“. Општина Ново Село. 2025-12-24. Посетено на 2026-01-19.
  4. 1 2 3 4 5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 212. Посетено на 19 јануари 2026.
  5. ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 19 јануари 2026.
  6. ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 21 декември 2019.
  12. ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-13. Посетено на 21 декември 2019.
  13. ↑ „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 19 јануари 2026.
  14. ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 408-409. ISBN 9989-649-28-6.
  15. ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  16. ↑ „Проф. д-р Владо Тимовски“. Педагошки факултет - Скопје. Архивирано од изворникот на 2009-11-23. Посетено на 2010-03-14.
  17. ↑ „д-р Ванчо Ѓорѓиев“. Филозофски факултет Скопје. Посетено на 2010-03-14.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]