Струмица (река)
Струмица | |
---|---|
![]() | |
Земја | ![]() ![]() |
Слив | |
Главен извор | Плачковица |
Устие | Струма, кај Митино, Бугарија |
Физички особености | |
Должина | 114 км |
Реката Струмица или Струмешница — река која се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија и потоа со своето корито навлегува во Република Бугарија каде се влива како десна притока на реката Струма.
Должината на реката е 114 км, од кои 81 на територијата на Република Македонија и 33 на територијата на Република Бугарија. Оваа река претставува и најголемата притока на Струма.
Течение[уреди | уреди извор]
Струмица е десна притока на реката Струма, и има должината од 114 км, од кои 81 км од нејзиното течение се во Македонија, а 33 во Бугарија. Вкупната површина на сливот изнесува 1465 км2, со просечен пад од 18‰. Реката ги одводнува јужните падини на планините Плачковица и Огражден, североисточните падини на планината Смрдеш и северните делови на планината Беласица, како и Радовишкото и Струмичкото поле и југозападниот дел на Петричко-санданската котлина.
Река Струмица извира под името Стара река на 1346 m надморска височина на планината Плачковица. До градот Радовиш тече на југ по длабока долина, потоа кај градот излегува од планината, свртува југоисточно и влегува во Радовишкото поле, а потоа на околу 10 км - кај Струмичкото поле постепенно свртува на исток држејќи ја оваа насока се до нејзиниот влив. По граничниот премин Ново Село навлегува во бугарска територија откако тече во широка и плитка долина со многу меандри. Минува на около 2 км северно од градот Петрич и се влива од десно во реката Струма, на 93 м надморска височина, на 2 км североисточно од селото Митино. Речиси по целиот тек во Струмичкото поле во Македонија и Петричкото поле во Бугарија коритото и е коригирано со насипи за заштита на вода.
Границите на сливното подрачје се следните:
- на југозапад, запад, север и североисток – со сливот на реката Вардар, која се влива во Егејско море;
- на север – со сливовите на реките Лебница и Рибник, десни притоки на Струма;
- на југ – со сливните подрачја на малите десни притоки на реката Струма, кои течат јужно од планината Беласица.
По течението на реката таа минува низ 12 населени места, од кои во Македонија – 9 населени места, 1 град и 8 села, а во Бугарија – 3 села.
Притоки[уреди | уреди извор]
Притоки: → лева притока, ← десна притока
Во Македонија:
|
Во Бугарија
|
Риби во реката[уреди | уреди извор]
Во реката живеат следниве видови риби: лин, кефал, мрена, скобар, штука и други.
Значење[уреди | уреди извор]
Реката Струмица е од непроценливо значење за земјоделството во Радовишкото, Струмичкото и Петричкото поле, бидејќи поголемиот дел од водите на реката се користат за наводнување во жешките летни месеци.
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Струмица — истоимен град во Македонија
|