Станечки Водопад
| Станечки Водопад | |
|---|---|
Станечкиот Водопад | |
![]() | |
| Место | Станци |
| Координати | 42°10′34.6″N 22°23′46.6″E / 42.176278°N 22.396278°E |
| Надм. висина | 1.160 м |
| Вкуп. висина | 11 м |
| Река | Козја Река |
Станечки Водопад или Станечки Водопади[б 1] — најголем постојан водопад на Осоговските Планини, сместен долж течението на Козја Река, во близина на селото Станци, Кривопаланечко.
Местоположба и пристап
[уреди | уреди извор]Станечкиот Водопад е постојан водопад којшто се наоѓа во северниот дел на Осоговските Планини, на надморска височина од 1.160 м, по течението на Козја Река, во близина на селото Станци, околу 8 км јужно од Крива Паланка. До селото Станци во долината на Дурачка Река води асфалтен пат долг 5 км. Потоа, од селото се тргнува по патека којашто води покрај Козја Река и по околу 3 км се пристигнува до водопадот. Водопадот е на надморска височина од 1160 метри и функционира во текот на целата година.[1]
Природни одлики
[уреди | уреди извор]Водопадот е висок 11 м и е највисок постојан водопад на Осоговските Планини. Тој е ерозивен водопад и во неговото подножје со вртложно движење на водата е создаден голем природен базен или џиновски лонец.[2] Од џиновскиот лонец речната вода слаповидно истекува кон помирниот дел на Козја Река, паѓајќи 3 м на релативно кратко растојание, така што водата вкупно се спушта 14 м.[1]
Водопадот се наоѓа во густа букова шума, а спротиводно по реката, во повисоките делови, има уште неколку мали водопади. Освен водопадите, на просторот има геоморфолошка појава на огромни карпести блокови, настанати со механичко распаѓање.[2]
Долината на Козја Река е тесна и на одредени места скоро вертикална со изглед на мал кањон, така што искачувањето по неа е доста тешко. Кон исток, долината стрмно се издига кон билото на врвот Калин Камен (1.884 м) на надморска височина од околу 1.800 метри и понатаму кон Царев Врв (2.085 м).[1]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Водопадот со базенот
- Падот на водата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Белешки
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 Милевски, И.. „Станечки водопади кај Крива Паланка“. Игео-портал. 23 јануари 2012.
- 1 2 Група автори (2016). „Значајни водопади во Република Македонија“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 160. ISBN 978-9989-110-90-0.
