Турново

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Турново
House of Culture - Turnovo.jpg

Дом на културата во Турново

Турново is located in Македонија
Турново
Местоположба на Турново во Македонија
Координати 41°26′17″N 22°46′24″E / 41.43806° СГШ; 22.77333° ИГД / 41.43806; 22.77333Координати: 41°26′17″N 22°46′24″E / 41.43806° СГШ; 22.77333° ИГД / 41.43806; 22.77333
Општина Општина Босилово
Население 941 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2433
Надм. вис. 215 м
Турново на општинската карта
Турново во Општина Босилово.svg

Атарот на Турново во рамките на општината

Турново — село во Општина Босилово, во околината на градот Струмица.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Турново се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во источниот дел на Струмичка Котлина и во југоисточниот дел на Општина Босилово, на 11 километри од градот Струмица. Низ селото поминува патот Струмица-Ново Село. Тука тече реката Турија (според која селото го добила името), која како лева притока се влева во реката Струмица.

Надморската височина во селото е 215 метри, додека селото зафаќа површина од 5,5 км2. Од нив, 468 хектари се обработливо земјиште[1]

Историja[уреди | уреди извор]

Ран период[уреди | уреди извор]

Русалиска дружина од село Турново 1932 година
Црквата „Св. Ѓорѓи“
Црквата „Св. Петка“

Во дамнешно време на тоа место немало населба. Земјиштето во атарот на денешно Турново било покриено со вода, било блато. Со текот на времето водата, преку реките Струмица и Струма истекла во Егејско Море. На одводнетото земјиште подоцна била осована мала селска населба. Прво во неа се населило семејството Катарџиевци, кое според народното предание, дошло од селото Крвичево (сега месност во падините на планината Огражден). Подоцна тука се населиле и други семејства од околните краишта и така била основана населба, која во средновековните пишани извори се спомнува со името Торњево.

За името на селото има три легенди. Првата имато на селото го поврзува со поодамнешното минато, кога атарот на Турново бил исполнет со вода. Ѓолската вода била богата со риби. Најмногу ја имало рибата Штука, која уште ја викаат Турна. Рибата Турна селаните ја ловеле со кошеви, а можеле да ја ловат и со рака. Рибарите уловената риба ја ставале во каци и ја сушеле за да им се најде за храна во зимските месеци. Се претпоставува дека од изобилството на рибата Турна блатото а подоцна и селото било наречено Турново. Другата легенда вели дека на денешната локација на селото имало азмак – разни бодливи растенија, трни. Од месност обрасната со трње, турново, торново, по некаква аналогија било добиено името Турново. Третата легенда името на селото го поврзува со реката Турија, која тече крај селото и се влива во реката Струмица[2].

Селото се споменува во повелбата на Јован Драгаш и Константин Драгаш, датирана од околу 1378 година[3] со името Торњево[4].

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Во 19 век Турново било село со мешано население. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Турново е наведено како село со 70 семејства со 159 Македонци и 60 Турци[5][6]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 280 жители Македонци и 250 Турци[5][7]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 240 македонски егзархисти и работело едно егзархиско училиште[5][8].

Југославија[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на војната, кога се дознало за одлуката дека селото и Струмичкиот крај ќе и припаднат на Бугарија, грчките војски пред да се повлечат од овие простори извршиле голем број на насилства, а селото било опожарено. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион.

По крајот на Втората светска војна, Турново било вклучено во рамките на СР Македонија, во составот на СФРЈ.

Македонија[уреди | уреди извор]

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Босилово.

Економија[уреди | уреди извор]

Населението којшто живее во Турново се занимава со земјоделство, а во последните години во подем е сточарството. Според некои анализи во Турново има околу 400 грла крупна стока и 200 овци.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 941 жител и спаѓа во групата на големи и развиени села. Следува табела на националната структура на населението[9]

Националност Вкупно
Македонци 941
Турци 0
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 0

Следува табела на бројот на население низ сите пописни години:

Година 1900 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 530 691 788 925 1 066 1 118 1 179 929 941

Во почетокот на XX век, населението било со мешана етничка структура, односно живееле Македонци и Турци, кои подоцна се иселуваат. Од пописот во 1948 година, до денес селото е во целост населено со Македонци[1].


Општествени институции[уреди | уреди извор]

  • Училиште 'Св.Кирил и Методиј. Во ова училиште се врши образование и воспитување на деца од прво до девето одделение, вклучувајќи го и предучилишното образование. Во ова училиште се образуваат децата не само од Турново туку и од околните населени места: Радово,Секирник и др.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Спорт[уреди | уреди извор]

ФК Турново
  • ФК Турново. Овој фудбалки клуб е основан 1950, истиот денеска се натпреварува во Втората Македонска Фудбалска Лига. Фудбалскиот тим е поделен на: сениори, jуниори, а тука спаѓа и женкиот фудбалски тим.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.295.
  2. КОЛЕТКТИВНАТА МЕМОРИЈА ЗАЧУВАНА ВО ТИПИЧНИТЕ ОБИЧАИ И ТРАДИЦИИ НА ОПШТИНА БОСИЛОВО
  3. Новаковић, Стојан. „Законски споменици српских држава средњега века“, Београд, 1912, стр.513.
  4. Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969, стр. 88.
  5. 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  6. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189.
  7. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900.
  8. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.
  9. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]