Секирник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Секирник
Sekirnik, Bosilovo.jpg

Влезот на селото

Секирник is located in Македонија
Секирник
Местоположба на Секирник во Македонија
Координати 41°26′17″N 22°47′38″E / 41.43806° СГШ; 22.79389° ИГД / 41.43806; 22.79389Координати: 41°26′17″N 22°47′38″E / 41.43806° СГШ; 22.79389° ИГД / 41.43806; 22.79389
Општина Општина Босилово
Население 1.194 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 220 м
Слава Мала Богородица

Секирник — село во Општина Босилово, во околината на градот Струмица.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Католичка црква „Св. Никола Чудотворец“
Селска чешма
Дом на пензионери
Споменик на Русалиите

Секирник се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во источниот дел на Струмичка Котлина и во југоисточниот дел на Општина Босилово. Низ селото поминува патот Струмица-Ново Село, додека десно од селото поминува реката Струмица.

Надморската височина во селото е 220 метри, додека селото зафаќа површина од 8,8 км2. Од нив, 688 хектари се обработливо земјиште[1]

Селото се граничи со Турново, Бориево, Штука, Колешино, Борисово, Зубово, Сушица.

Историja[уреди | уреди извор]

Ран период[уреди | уреди извор]

Според преданието, во средниот век, во селото се изработувале секири, па оттука и името Секирник. Село Секирник има старо потекло, се споменува уште во средниот век. Од една повелба од 1328 година, со која се потврдува Хрељовото подарување на земји од Струмичко на Хилендарскиот манастир, се гледа дека до ова време како ситен феудалец (пронијар) во селото Секирник бил Ласкар Котаниц[2].

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Во турско време, според народното предание, ова село било населено со муслиманско население. Се претпоставува дека турските колонисти доведени од пределите на Мала Азија, го истиснале христијанското население, и на нивно место се населиле Турци[3].

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, селото се состоело од 80 семејства од кои 183 Македонци, 56 муслимани и 13 Роми.[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 730 жители Турци[6]. Како чисто турско село населбата е обележана на Етнографската карта од 1912 година, со името Секирник.

Царство Бугарија[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. Голем дел од муслиманското население ги напуштило своите домови. По крајот на војната, кога се дознало за одлуката дека селото и Струмичкиот крај ќе и припаднат на Бугарија, грчките војски пред да се повлечат од овие простори извршиле голем број на насилства. Селото делумно било опожарено. Во овој период во селото се населиле и македонски бегалци од Кукуш, кои биле протерани од Грција[7]. Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Секирник живееле 15 Турци[8].

Југославија[уреди | уреди извор]

По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион. Во 1932 година била изградена православната црква „Успение на Пресвета Богородица“. По крајот на Втората светска војна, селото било вклучено во рамките на СФРЈ.

Македонија[уреди | уреди извор]

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Босилово. Во 2007 година била изградена католичката црква „Никола Чудотворец“. Пред тоа цели седум години постоело спор на локалното население за обновување на овој храм со образложение дека во селото нема католици[9]. Во текот на 2016 година бил реконструиран Домот на културата во селото[10].

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1961 година селото Секирник имало 966 жители. Во 1994 година во селото живееле 1.190 луѓе, сите Македонци[1].

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.194 жители. Следува табела на националната структура на населението:[11]

Националност Вкупно
Македонци 1.194
Албанци 0
Турци 0
Роми 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 0

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:[12]

Година 1900 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 730[6] 715 797 966 1.147 1.222 1.240 1.198 1.194

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

  • Средби на Русалискиот фолклор[13]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

  • КУД „Русалии“

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.259.
  2. Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969.
  3. КОЛЕТКТИВНАТА МЕМОРИЈА ЗАЧУВАНА ВО ТИПИЧНИТЕ ОБИЧАИ И ТРАДИЦИИ НА ОПШТИНА БОСИЛОВО
  4. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189.
  6. 6,0 6,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900.
  7. СТРУМИЦА И СТРУМИЧКО ВО ВРЕМЕТО НА БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ И БУКУРЕШКИОТ МИРОВЕН ДОГОВОР
  8. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 244.
  9. Осветена новоизградената католичка црква во Секирник
  10. [http://cooltura.mk/arhitektura/rekonstrukcija-na-domot-na-kulturata-vo-sekirnik Реконструкција на Домот на културата во Секирник]
  11. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  12. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  13. Бегалците од Кукуш заиграа во Секирник

Надворешни врски[уреди | уреди извор]