Јован Драгаш
Изглед
| Јован Драгаш | |
|---|---|
| деспот | |
Фреска на која е претставен Јован Драгаш, од манастирот Велуќе | |
| Владеење | 1371–1378 |
| Наследник | Константин Дејанов |
| Починал(а) | 1378 |
| Татко | Дејан |
| Мајка | Теодора Немањиќ |
| Вера | православие |
Јован Драгаш (Јован Дејанов) — деспот, постариот син на деспотот Дејан (од кого ја наследил титулата) и на Владислава (или Евдокија).
По татковата смрт, од соседите бил потиснат во Жеглигово и во Горно Пострумје, по што го признал вазалството кон Волкашин и кон Углеша. По Маричката битка (1371), заедно со помладиот брат Константин формирале самостојна држава (1372–1375), која постепено ја прошириле на териториите источно од р. Вардар, северно од Врање и од Велбужд, Рила на исток, до Сер и до Солун на југ, како и во Тиквеш.