Радово (Струмичко)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Радово
Радово is located in Македонија
Радово
Местоположба на Радово во Македонија
Координати 41°27′59″N 22°45′56″E / 41.46639° СГШ; 22.76556° ИГД / 41.46639; 22.76556Координати: 41°27′59″N 22°45′56″E / 41.46639° СГШ; 22.76556° ИГД / 41.46639; 22.76556
Општина Општина Босилово
Население 851 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 208 м
Радово на општинската карта
Радово во Општина Босилово.svg

Атарот на Радово во рамките на општината
Commons-logo.svg Радово на Ризницата

Радово — село во Општина Босилово, во околината на градот Струмица.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Католичка црква „Св. Илија“
Дом на културата
Некогашната џамија во селото, денес во рушевини

Радово се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во централниот дел на Општина Босилово, лево од патот кој води од Струмица кон Ново Село, во средишниот дел на Струмичка Котлина. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 14 километри, додека селото граничи со Старо Балдовци, Иловица, Турново и Босилово.

Надморската височина во селото е 208 метри додека селото зафаќа површина од 4,2 км2. Од нив, 339 хектари се обработливо земјиште[1]

Историja[уреди | уреди извор]

Ран период[уреди | уреди извор]

Местото каде денеска се наоѓа Радово постоело и пред освојувањето на овие простори од страна на Османлиите. Населбата егзистирала уште во средниот век, чие име е изведено од личното име Рада или Раде (Радослав) и од наставката „ово“.

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Во времето кога Османлиите го освоиле регионот, започнала колонизација на селото од страна на муслимански семејства. Тие основале ново маало во селото. Тогаш населбата била поделена на две маала: Големо кое на турски било познато како Бузург Радова (Големо Радово) во кое живееле муслимани и Мало кое на турски било познато како Ќучук Радова (Мало Радово) во кое живееле христијани[2].

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Радово е наведено како село со 35 семејства, од кои 93 Македонци и 40 муслимани[3][4]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 440 жители Турци[5].

Царство Бугарија[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. Еноријатата „Св. Илија“ е продолжение на еноријата Св. Илија во село Алексово, денешна Грција, од каде се доселиле најголемиот број на унијатски верници во Радово, иако имало и од други села од кукушката околина како Мотилово, Рошлово, Морарци, Грамадна и.т.н. Радовската енорија била основана веднаш со пристигнувањето на бегалците од Егејска Македонија. Заедно со нив во селото како бегалци пристигнале и свештениците Ѓорѓи Стојанов и Стојан Пецев. Стојанов со поголемиот дел од верниците заминал во селото Секирник каде ја основал црквата „Св. Никола“, додека во Радово должноста парох ја извршувал до 1916 година Стојан Пецев, кога истата била преземена од свештеникот Неделко Стојчев. Стојчев на таа позиција се задржал до 1918 година кога целиот Струмички крај паднал под српска власт, а самиот свештеник бил протеран.

Југославија[уреди | уреди извор]

По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, Радово било вклучено во рамките на СР Македонија, во составот на СФРЈ.

Македонија[уреди | уреди извор]

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Босилово.

Економија[уреди | уреди извор]

Радово се наоѓа во средишниот дел на Струмичка Котлина. Бидејќи климата е подогна, населението главно се занимава со земјоделство. Во селото се наоѓа седиштето на млекарата „Здравје“, која со работа започнала во почетокот на 2002 година. Денес производството на млекарата е проширено и со нов производствен капацитет во Куманово[6].

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1961 година селото Радово имало 593 жители, од кои 567 Македонци и 25 Турци. Во 1994 година во селото живееле 884 луѓе, од кои 865 биле Македонци и 19 Турци[1].

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 851 жители. Следува табела на националната структура на населението[7]

Националност Вкупно
Македонци 834
Турци 16
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 2
Бошњаци 0
Други 1

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[8]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 516
1953 419 186 1 606
1961 567 25 1 593
1971 666 12 1 679
1981 745 15 2 762
1991 863 16 1 2 882
1994 865 19 884
2002 834 16 1 851

Религија[уреди | уреди извор]

Радово е едно од двете единствени села во Македонија со мнозинство население, кое верски припаѓа на католичката црква. На табелата е прикажана верската определба во селото од 2002 година:[9]

Вера Жители Проценти (%)
Католици 823 96,70 %
Муслимани 16 1,88 %
Правславни 9 1,05 %
останати 3 0,35 %

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

  • Киро Стојанов (р. 9 април 1959 ) - римокатолички бискуп на Скопската бискупија и Апостолски Администратор и Егзарх за Католиците од византиски обред во Македонија.
  • Иван Ангелов - прв министер за земјоделство во независна Македонија и член на владата на Никола Кљусев
  • Ристо Стојанов (р. 11 декември 1961) - пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ[10]
  • м -р Стојан Манолев (р. 21 септември 1960)- поранешен претседател на Друштвото на физичари на Република Македонија, мандат 2009-2011г, http://dfrm.pmf.ukim.edu.mk/htm/kontakt.htm ,коавтор на учебник по физика за 2-ра година од струката лични услуги, техничар за очна оптика, http://www.e-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/85_Optika_II_MAK_PRINT.pdf . магистрира на Природно-математичкиот факултет во областа на Методика на наствата по физика. http://www.pmf.ukim.edu.mk/files/magistri2016.pdf,

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.241.
  2. КОЛЕТКТИВНАТА МЕМОРИЈА ЗАЧУВАНА ВО ТИПИЧНИТЕ ОБИЧАИ И ТРАДИЦИИ НА ОПШТИНА БОСИЛОВО
  3. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900.
  6. mlekarazdravje.com.mk
  7. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  8. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  9. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  10. „Пратенички состав“ (македонски). Собрание на Македонија. конс. 2010-12-04. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]