Рошлово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рошлово
Γερακαριό
Поглед на селото
Поглед на селото
Рошлово is located in Грција
Рошлово
Рошлово
Местоположба во областа
Рошлово во рамките на Кукуш (општина)
Рошлово
Местоположба на Рошлово во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 41°6′N 22°55′E / 41.100° СГШ; 22.917° ИГД / 41.100; 22.917Координати: 41°6′N 22°55′E / 41.100° СГШ; 22.917° ИГД / 41.100; 22.917
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000323000000323 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно168
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Рошлово или Доганџи (грчки: Γερακαριό, Геракарио, до 1927 Δογάντζα, Доганџа)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 16 километри северно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 323 метри.

Рошлово опфаќа површина од 17 квадратни километри[3].

Историја[уреди | уреди извор]

Кај Рошлово е откриена античка населба, прогласена за заштитен споменик на културата во 1937[4] и повторно во 1986 г.[5]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Рошлово се состоело од 60 семејства од кои 40 муслимани и 225 жители Македонци[3][6] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Рошлово имало 40 муслимани и 270 Македонци[3][7].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 360 Македонци и работело егзархиско училиште[3][8].

Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски[9] а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Струмица и околните села[10]. Според Тодор Симовски, во селото Секирник заминале 19 македонски семејства, додека во Рошлово останале 12 турски семејства.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1920 година биле евидентирани 120 жители.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1926 година, селото било преименувано во Геракарио.[11]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 438 жители бегалци.[12], додека во 1940 година селото броело 597 жители.

Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем дел од населението било принудено да ги напушти своите домови. Селото во пописот од 1951 година броело 331 жител, на пописот од 1961 година, во селото живееле 425 жители, во 1971 година имало 332 жители, во 1981 година имало 247 жители, додека во 1991 година имало 243 жител[13]. Денеска, населението на селото е 243 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 597 331 425 332 247 231 243 168
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Μυλοχώρι
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. „ΒΔ 16-8-1937 - ΦΕΚ 335/Α/25-8-1937“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2023-05-13. Посетено на 26 јуни 2018.
  5. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Α1/Φ16/59168/2199 π.ε./1-2-1986 - ΦΕΚ 118/Β/19-3-1986“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 24 јануари 2021. Посетено на 28 јуни 2018.
  6. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 166-167.
  7. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 166.
  8. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99.
  9. Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 - 1916, Торонто, 2006, стр.197
  10. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 110.
  11. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  12. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  13. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-04.