Робово (Струмичко)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Робово
Robovo (2).jpg

Влезот на селото

Робово се наоѓа во Republic of Macedonia
Робово
Местоположба на Робово во Македонија
Координати 41°26′07″ СГШ 22°42′25″ ИГД / 
Општина Општина Босилово
Население 576 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 220 м

Робово — село во Општина Босилово, во околината на градот Струмица.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селската чешма
Парк во селото

Робово се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во југоисточниот дел на Општина Босилово, десно од патот кој води од Струмица кон Ново Село и патот кој води кон селото Банско. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 6 километри, додека селото граничи со селото Дабиле, кое е прво и најблиско село до Струмица, со селото Босилово кое е центар на општината, со селото Муртино и со мал дел со селото Еднокуќево. Низ атарот на селото тече реката Струмица, покрај која од двете страни е распостелено високо квалитетно и плодно земјиште, на кое успеваат голем дел на градинарски култури.

Надморската височина во селото е 220 метри додека селото зафаќа површина од 3,4 км2. Од нив, 309 хектари се обработливо земјиште[1]

Историja[уреди | уреди извор]

Ран период[уреди | уреди извор]

Селото Робово порано имало друга местоположба, се наоѓало во месноста Црквиште, на помалку од еден километар од денешното Робово, во насока кон соседното село Сачево, но поради појавата на епидемија или чума, селаните го напуштиле старото живеалиште и основале нова населба, која ја нарекле Робово.

Според културниот деец и публицист, Иван Котев, роден во село Робово, селото го добило името по т.н. „пазар на робови“. Една друга легенда кажува дека селото го има добиено името по неговите основатели – тројца робови, кои побегнале од затворот во Солун и се засолниле во овој крај, кај денешно Робово. Едниот од робовите се викал Јанко, поради што месноста што се наоѓа југозападно од село Робово се нарекува Јанковица. Таму постоела црква, по која месноста се викала Црквиште. И таа се наоѓа југозападно од селото. На тоа место тројцата робови живееле на слобода и мир, занимавајќи се со земјоделство, претежно со лозарство. Во сеќавање на робовите, при напуштањето на месностите Јанковица и Црквиште, како и при преселувањето на населението на местото на денешно Робово, новонастанатата населба била наречена Робово[2].

Селото е споменето со денешното име Робово во грамота на Јован Драгаш и Константин Драгаш од 1378 година[3]

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Во 19 век Робово било чисто македонско село. Во 1860 година Арсениј Костенцев го открил во домот на локалниот жител Мицо Караџа првото училиште во Струмичката кааза. Самиот Мицо Караџа бил еден од најбогатите во селото, имајќи 500 до 600 декари плодна земја. Во училиштето Костенцев бил четири години учител во самото училиште доаѓале деца на чорбаџии и од соседните села Сачево, Муртино, Моноспитово, со вкупно 45 деца. Училиштето работело по буквари и други учебници, набавени од печатницата на Константин Држилович, и донесени од Солун[4]. На иницијатива на Мицо Караџа во истата година се започнало со собирање на средства за изградба на селската црква „Свети Спас“, која била завршена во 1864 година[5][4]. Во ноември 1862 година селаните од Робово, на чело со Мицо Караџа и Арсениј Костенцев го протерале од Робово владиката Јеротеј Струмички[6]. Во 1867 годинс во селото дошол „папа Михаил папа Николов от Берово". По него, во Робово служувал попот Јане Темелкович, а уште подоцна попот Глигор, двајцата од Радовиш[4].

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Робово е наведено како село со 60 семејства и 213 Македонци [7][8]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 240 жители Македонци [7][9]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 240 македонски егзархисти и работело едно егзархиско училиште[7][10].

По започнувањето на Балканските војни, од селото 2 лица биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.[11]

Царство Бугарија[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на војната, кога се дознало за одлуката дека селото и Струмичкиот крај ќе и припаднат на Бугарија, грчките војски пред да се повлечат од овие простори извршиле голем број на насилства.

Југославија[уреди | уреди извор]

По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион. Селото е споменато во „Оковани радник" (легален орган на КПЈ), во број 8 од 15 октомври 1924 година, во врска со положбата на народот на Струмичката околина во тој период. Според списанието, по дознавањето на околинскиот началник за делување на пет комити во селата Робово и Петралинци, полицискиот писар Јагош спроведел рација во која во Робово уапсил 10 луѓе, во Петралинци 5 луѓе и во Дрвош 6 луѓе бидејќи сметал дела уапсените им помагале на комитите[4].

По крајот на Втората светска војна, Робово било вклучено во рамките на СР Македонија, во составот на СФРЈ.

Македонија[уреди | уреди извор]

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Босилово.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Робово живееле 262 жители, сите Македонци.[12]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, во 1905 година во Робово имало 240 Македонци, егзархисти.[13]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 576 жители, од кои 574 Македонци, 1 Србин и 1 останат.[14]

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[15]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 240[12] 240[13] 534 617 627 628 635 586 576 576

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

  • Гоно Манчев (1883-1926) - револуционер на ВМОРО
  • Васе Манчев македонски раскажувач.
  • Ангел Ангелов -(1892-1962) долгогодисен кмет на селото во периодот после ослободуванјето од гермаско-бугарската власт.
  • Иван Терзиев (1928-2016) - композитор и флејтист
  • Никола Николов - (1924-1985) претседател на Месна Заедница - Робово до 1985
  • Иван Котев-Робовчанец - собирач на народни умотворби од Струмичкиот крај, поранешен директор на ОУ Кирил и Методиј во село Дабиле
  • Томе Божинов - дипломиран правник-Јавен обвинител на Струмица
  • Зоран Муканов - дипломиран геодетски инженер -
  • Тинка Китеска (Николова) - дипломиран правник, вработена во Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија
  • Елизабета Манушева - дипломиран правник, вработена во Министерство за финансии - Скопје

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Од Робово потекнува цела генерација добри фудбалери на ФК Полет-Робово.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.251.
  2. КОЛЕТКТИВНАТА МЕМОРИЈА ЗАЧУВАНА ВО ТИПИЧНИТЕ ОБИЧАИ И ТРАДИЦИИ НА ОПШТИНА БОСИЛОВО
  3. Новаковић, Стојан. „Законски споменици српских држава средњега века“, Београд, 1912, стр.513.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969, стр. 316.
  5. Костенцев, Арсени (1984). Спомени. София: Издателство на Отечествения фронт. стр. 18 - 20. http://www.promacedonia.org/ak/ak_2.html. посет. 2 декември 2016 г. 
  6. Костенцев, Арсени. Спомени. София, Издателство на Отечествения фронт, 1984. с. 24 - 25. Посетен на 2016-12-02.
  7. 7,0 7,1 7,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  8. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189.
  9. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900.
  10. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.
  11. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 875.
  12. 12,0 12,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, с. 160.
  13. 13,0 13,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.106-107.
  14. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  15. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]