Банско
Оваа статија се однесува на селото во Струмичко. За градот во Пиринска Македонија, видете Банско (град).
Банско | |
Координати 41°23′1″N 22°44′36″E / 41.38361° СГШ; 22.74333° ИГДКоординати: 41°23′1″N 22°44′36″E / 41.38361° СГШ; 22.74333° ИГД | |
Општина | Струмица |
Население | 2.414 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2415 |
Шифра на КО | 27004, 27504 |
Надм. вис. | 275 мнв м |
Слава | Свети 40 Севастиски маченици |
![]() |
Банско — село во Општина Струмица, во областа Подгорје, во околината на градот Струмица. Во селото се наоѓа и истоимената Бања Банско.
Географија[уреди | уреди извор]
Банско се наоѓа во југоисточниот дел на Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 12 км. Надморската височина во селото е 275 метри а атарот зафаќа 2.373 ха.
Селото се граничи со Муртино, Моноспитово, Габрово, Бајрамбос.
Историја[уреди | уреди извор]
Во времето по Беласичката битка во 1015 година се споменува дека Василиј II испратил од Солун еден силен одред кон Струмица, но тој успеал да ја освои само малата блиска тврдина Термица. Оваа тврдина се наоѓала над селото Банско (термица, значи мала бања), во подножјето на Беласица каде што доскоро се гледале урнатини од една средновековна градба.
Во делата на Хаџи Калфа и Евлија Челебија се споменува панаѓур кој се одржувал секоја година во месец август.
„ | Близу (до Струмица) се шири едно широко поле низ кое тече река со многубројни воденици. Во август овде се одржува славниот панаѓур, кој се вика Тујан и на кој доаѓа многуброен свет од сите страни. Топлата бања Тулјан, исто така е во Струмичкиот кадилук, близу до самата Струмица и до градот. Еднаш годишно (т. е. во август б. н. ) овде се собираат жителите од околните предели и во текот на две седмици вршат значителни трговски работи. Под брегот извираат многубројни врели, а понекаде и ладни извори. Во бањата, под камениот свод, тече вода од три чешмурки во една бања. Оваа вода е толку врела што во неа, за миг може јајце да се свари. Затоа, за капење, таа мора да се меша со ладна вода". | “ |
Стопанство[уреди | уреди извор]
Банско е познато со своите топли минерални извори што се користат за производство на ран зеленчук, а одамна е познато и како балнеолошки центар. Неговите бањи се изградени во рано турско време, а денес тоа израснува и како рекреативен центар.
Претежно занимање на населението е земјоделство и туризам. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 417 ха[2].
Во селото опстојуваат хотелите:
- „Цар Самуил“
- „Дукат“
- „Спиро Захов“
Демографија[уреди | уреди извор]
Години | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — |
1953 | 320 | — | 23 | — | — | — | — | — | 341 |
1961 | 391 | — | 43 | — | — | — | — | — | 432 |
1971 | 301 | — | 20 | — | — | — | — | — | 321 |
1981 | 432 | 15 | 105 | 62 | — | 69 | — | — | 679 |
1991 | 756 | 19 | 158 | 17 | — | — | — | — | 950 |
1994 | 1.048 | — | 185 | 3 | — | — | — | 101 | 1.236 |
2002 | 1.064 | 2 | 900 | 17 | — | 3 | — | 6 | 1.992 |
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.992 жители. Следува табела на националната структура на населението[3]
Националност | Вкупно |
Македонци | 1 064 |
Турци | 900 |
Роми | 17 |
Албанци | 2 |
Власи | 0 |
Срби | 3 |
Бошњаци | 0 |
останати | 6 |
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постојат избирачките места бр. 1837 и 1838 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште.[4]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.754 гласачи.[5]
На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.797 гласачи.[6]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Бања Банско
- Црква „Св. Петка“
- Црква „Св. 40 Севастиски маченици“ — средновековна црква и некропола
- Римска населба
- Бела вода
- Врелото
- Градиште
- Дервиш
- Каптажа
- Под тврдината Китка
- Китка
- Моноспитовски лозја
- Центар за рехабилитација „Бања Банско“
- Дом на пензионери „Спиро Захов“
- Ендемски вид на папрат, единствен на Балканот.
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
![]() |
Говор на жена од Банско на месниот струмички дијалект |
Проблеми со пуштањето? Помош. |
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Населено место - Струмица“. www.strumica.gov.mk. Посетено на 2013-05-04.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 21 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 21 декември 2019.
- ↑ „Парламентарни избори 2020“. Посетено на 3 ноември 2020. line feed character во
|title=
во положба 21 (help)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|