Градско Балдовци
Градско Балдовци | |
![]() | |
Координати 41°25′24″N 22°39′47″E / 41.42333° СГШ; 22.66306° ИГДКоординати: 41°25′24″N 22°39′47″E / 41.42333° СГШ; 22.66306° ИГД | |
Општина | Струмица |
Население | 755 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 27020 |
Надм. вис. | 223 мнв м |
Слава | Свети Илија |
Градско Балдовци — село во Општина Струмица, во околината на градот Струмица.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]


Градско Балдовци се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 3 километри. Поради блискоста со градот, селото е наречено Градско Балдовци.
Надморската височина во селото е 223 метри а површината на селото изнесува 432 ха.
Селото се граничи со Струмица, Куклиш, Сачево, Дабиле.
Историја[уреди | уреди извор]
Името Градско Балдовци било образувано од машкото лично име Балдо и наставката "вци" - Балдовци. Поради блискоста до градот, со текот на времето именката Балдовци била додадена посвојната придавка Градско, па селото денес е познато како Градско Балдовци[1].
Потеклото на селото не е утврдено, но се споменува дека во него порано живеело македонско и турско население. На споменатата Етнографска карта од 1912 година селото е обележано со повеќе муслиманско одошто христијанско население. Според статистиката на Стефан Верковиќ, во 1889 година селото имало 523 жители.
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Балдовци се состоело од 35 семејства со 90 жители Македонци и 10 Роми[2][3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Балдовци имало 240 жители Македонци и 25 Турци[2][4].
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 216 Македонци и 18 Роми[2][5].
Стопанство[уреди | уреди извор]
Претежно занимање на населението е земјоделство и сточарство. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 308 ха[6].
Демографија[уреди | уреди извор]
Години | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — |
1953 | 423 | — | 14 | — | — | — | — | — | 437 |
1961 | 481 | — | 9 | — | — | 8 | — | — | 498 |
1971 | 532 | — | — | — | — | — | — | — | 532 |
1981 | 650 | — | — | — | — | 1 | — | — | 651 |
1991 | 763 | — | 11 | — | — | 2 | — | — | 776 |
1994 | 732 | — | — | — | — | — | — | — | 732 |
2002 | 755 | — | — | — | — | — | — | — | 755 |
Поради својата добра местоположба во Струмичко Поле, во населеното место Градско Балдовци се забележува постојан пораст на населението. Во 1853 година селото имало 437 жители, од кои 423 Македонци и 14 Турци, во 1961 населението се зголемило на 498, од кои 481 Македонец, 9 Турци и 8 Срби, во 1971 година бројот на населението изнесувал 532 жители (91 семејство), во 1981 година - 133 семејство и 651 жител, 1991 - 190 семејства и 776 жители, во 1994 - 203 семејства и 732 жители, од кои сите Македонци.
Според послениот Попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 755 жители, сите Македонци и 239 домаќинства. Следува табела на националната структура на населението[7]:
Националност | Вкупно |
Македонци | 755 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Албанци | 0 |
Срби | 0 |
останати | 0 |
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Подрачно Основно училиште Никола Вапцаров
- Дом на култура
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 1760 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[8]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 642 гласачи.[9]
На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 652 гласачи.[10]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ http://afk.mk/it/vis/news/2013/01/video-moeto-selo-gradsko-baldovci[мртва врска]
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 160.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.
- ↑ „Населено место - Белотино“. www.strumica.gov.mk. Посетено на 2013-05-04.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Парламентарни избори 2020“. Посетено на 3 ноември 2020. line feed character во
|title=
во положба 21 (help) - ↑ „Spartmani“. Посетено на 28 септември 2018.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Градско Балдовци“ на Ризницата ? |
|