Бајрамбос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бајрамбос
Bajrambos1.jpg

Бајрамбос во 2011 г.

Бајрамбос is located in Македонија
Бајрамбос
Местоположба на Бајрамбос во Македонија
Координати 41°18′34″N 22°42′18″E / 41.30944° СГШ; 22.70500° ИГД / 41.30944; 22.70500Координати: 41°18′34″N 22°42′18″E / 41.30944° СГШ; 22.70500° ИГД / 41.30944; 22.70500
Регион Југоисточен
Општина Валандово
Област Бојмија
Население 0 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2461
Повик. бр. 036
Шифра на КО 04002
Надм. вис. 480 м
Бајрамбос на општинската карта
Бајрамбос во Општина Валандово.svg

Атарот на Бајрамбос во рамките на општината
Commons-logo.svg Бајрамбос на Ризницата

Бајрамбос — село во Општина Валандово, југоисточна Македонија. Денес нема жители.[1]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во областа Бојмија, во источниот дел на општината, во изворишното подрачје на Анска Река. Атарот на исток ја образува државната граница со Грција (дојранскиот дел на Општина Кукуш, Егејска Македонија), а на југ се граничи со Општина Дојран[2] Теренот е ридест, а атарот му е мошне голем.

Историја[уреди | уреди извор]

Подрачјето на Бајрамбос е населено барем од средниот век, за што сведочат остатоците од населба на наоѓалиштето Кале на 1 км источно од селото.[3]

На крајот на на XIX век Бајрамбос било претежно турско село во Дојранската каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека Бајрам обаси (Bayram-obassi) има 110 домаќинства, кои се состојат од 230 муслимани.[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Бајрам Оваси имало 426 жители, од кои 420 Турци и 6 Роми.[5]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото е со мешовита земјоделска функција, со двојно повеќе пасишта отколку обработливо земјиште и многукратно поголеми шумски пространства.[2]

Демографија[уреди | уреди извор]

Населението на Бајрамбос почнало нагло да опаѓа во 1950-тите, веројатно заради преселбата на Турците. На крајот од таа деценија тоа веќе било располовено (од 420 на 202 жители), а во текот на следните десет години се свело на 32 лица, па продолжило да опаѓа. Според пописот од 2002 година, Бајрамбос немал ниеден жител.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 426 383 420 202 32 8 6 8 0
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта
  • Кале — населба од средниот век

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
  2. 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (изд. I.). Скопје: Патрија. стр. 17. ISBN 9989-862-00-1.
  3. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 48. ISBN 9989-649-28-6.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 194-195.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 163.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]