Габрово (Струмичко)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Габрово
Gabrovo Waterfall (1).JPG
Габрово is located in Македонија
Габрово
Местоположба на Габрово во Македонија
Координати 41°22′36″N 22°47′41″E / 41.37667° СГШ; 22.79472° ИГД / 41.37667; 22.79472Координати: 41°22′36″N 22°47′41″E / 41.37667° СГШ; 22.79472° ИГД / 41.37667; 22.79472
Општина Општина Струмица
Население 399 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 300 мнв м
Commons-logo.svg Габрово на Ризницата


Габрово е село во Општина Струмица, во околината на градот Струмица.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Габрово се наоѓа во Струмичко Поле, во југоисточниот дел на Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 15,5 километри.

Надморската височина во селото е 300 метри а површината на селото изнесува 1883 ha.

Под падините на планината Беласица десно од патот Банско - Борисово во недопрената природа скриено од погледите на луѓето се наоѓа селото Габрово. Населбата е мала со околу 100 домаќинства но плени со својата селска идила, старите куќи со чардаци, љубезноста на жителите. Овде секое камче крие дел од историјата на селото...

Ладната и бистра вода од водопадот било место на кое летно време габровчани се разладувале и уживале а дека било и нивно омилено место зборува и фактот дека порано овде се славел и христијанскиот празник Св. Илија инаку заштитник на селото. До неодамна се знаеше само за еден водопад меѓутоа прекрасната слика на ова место ја наполнуваат и двата водопади до кои можеа да дојдат само селаните кои добро ја познаваат планината.

Денес водопадот е модерно уреден и отворен за сите љубители на природните реткости и убавини. Покрај веќе надалеку познатиот прв водопад сега за туристите се достапни и останатите втор и трет водопад кои што Општина Струмица со проектот „Доуредување на габровскиот водопад“ ги направила пристапни за сите оние кои се љубители на прирадата. Со доуредувањето на трите габровски водопади дополнително се поставиле летниковци, клупи, маси, и канти за отпадоци исто така се направиле и три мостови за полесен пристап до последниот и најубавиот водопад.

Селото се граничи со Банско, Колешино, Моноспитово, Бориево, Бајрамбос.

Историja[уреди | уреди извор]

Куќа во селото
Срушена куќа во селото

Селото е основано од Драгое околу црквата „Св. Архангели Михаил и Гаврил“, за која српскиот цар Стефан Душан издава специјална грамота. Потоа се гради црквата „Св. Богородица“ и двата храма се дарувани од регионалниот владател деспот Јован Углеша. Во 1374/5 година двете цркви во Габрово се дарувани од деспот Јован Драгаш и брат му Константин Драгаш.[1]

Ова струмичко село, целото обвиткано во зеленило порано имало друга местоположба се наоѓало поназапад, односно на исток од т.н. Гарлиева чешма. Чешмата така ја викале поради студената вода, којa прави грло ( Грлиева, односно Гарлиева чешма ) која се наоѓа во месноста Шенкови ореви околу 1,5 километар на запад од денешно Габрово. Месноста околу чешмата ја викат Ржевик. По течението на водата од Гарлиева чешма во насока кон Моноспитовското блато расте посебен ендемски вид на папрат.

Габрово порано било турско село. Во него имало и џамија. Но, таа сега е разурната. Останати се само темелите, како нем сведок за едно ропско време. Имало и гробишта, наречени Турско гробје на чие место сега има изградено магацин за откуп на земјоделски производи. Денес тука е изграден и угостителски објект наречен „Подгорски ан“.

На просторот меѓу село Колешино и Габрово се наоѓа месноста Пот. Таа е мала висорамнина, која со текот на времето била пошумена со борови. Ридската месност го добила топонимот Пот порадо потењето додека да се стигне до неа. Таму некогаш имало стара населба, за што сведочат археолошките остатоци - ќерамиди, ќупови (за пченица) и др. Југоисточно од селото се наоѓа една голема карпа (спила) по која месноста е наречена Спила. Ако намерникот, при посета на оваа месност, го стави увото на спилата под која поминува голема количина на подземна вода, ќе го осети шумолењето на водата.

За време на турското ропство, во село Габрово имало комитски јатак. Селаните сестрано ги помагале комитите, кои се собирале над селото, во пазувите на Беласица. Комитското седело се наоѓало југозападно од населбата, во длабоката долина на реката Барлен, во месноста Ветрушка, каде е откриена една голема рамна карпа, од која се гледа текот на реката, чиј кањон е висок 150 - 200 метри. Во горниот рекотек на Барлен има водопад. Оваа планинска река извира под еден висок врв на Беласица, меѓу селата Габрово и Колешино, близу месноста Коњски Кладенец, што се наоѓа лево од реката Барлен.

Над селото, од исток кон запад, се извишуваат шумовитите беласички ридови Пот, Лешкарник (чиј топоним е добиен по лешниците) Кошара и Тутеј. Оваа ридска верига завршува со највисокиот рид Думовец, кое го добило името по птицата думо, која често се среќавала во овој шумски предел. Над Думовец се наоѓа месноста Момина полјана, каде биле убиени две моми. Над полјаната, која што се наоѓа меѓу Габрово и Банско има и два гроба.

Во турско време, беговите Рустем и Скендер имале имоти во селото, коишто подоцна ги продале. Тогаш имало две маала во селото - горно и долно маало. Горното маало се наоѓало на западниот дел на селото и во него живеело македонското население, а во долното ( или источното ) маало живееле Турците. Селото го сочинувале шеесет христијански и шеесет мухамедански куќи. Имало и џамија во селото, којашто била разурната во 1912 год. Имало и христијанска црква и македонско училиште.

Инаку, оваа селска населба, според некои историски податоци, била основана уште во средниот век, пред доаѓањето на Турците - Османлии во Струмичката котлина. Топонимот на селото настанал поради тоа што околу населбата имало многу габрови дрвја. Габерот го имало во изобилство на просторот околу селото, а и во местото на кое била подигната населбата. Има и друга верзија за топоминот Габрово. Според неа, селото селото го добило своето име поради многуте габерливи ( мувлосани ) камења до селото, што се наоѓаат на западната страна од населбата, над асвалтниот.

Економија[уреди | уреди извор]

Претежно занимање на населението е земјоделие. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 306 ha[2].

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Габрово живееле 710 жители, од кои 460 Македонци и 250 Турци.[3]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Габрово имало 480 Македонци, патријаршисти.[4] Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 399 жители и 113 домакинства. Следува табела на националната структура на населението[5]:

Националност Вкупно
Македонци 398
Турци 0
Роми 0
Албанци 0
Срби 0
Останати 1

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[6]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 710[3] 480[4] 506 597 592 561 486 445 428 399

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Габровски водопад
  • Црква Св.Илија
  • Водопад на река Барлен
  • Водопан на река Баба или Воденишник
  • Спомен плоча на паднати борци од НОБ
  • Под, археолошки локалитет од доцноантичкото време.
  • Помен, археолошки локалитет од доцноантичкото време.
  • Помен, археолошки локалитет од доцноантичкото време.
  • Црква Света Богородица, археолошки локалитет од средновековно време.
  • Црква Свети Арангел, археолошки локалитет од средновековно време.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

  • Василичарскиот оган
  • Фрлање не крстот во Барлен.

Селото Габрово го слави верскиот празник Св. Илија Илинден

Личности[уреди | уреди извор]

  • Манол Пандевски, професор на Филозофскиот Факултет во Скопје, роден во село Габрово во 1925 година починат во 1998 година во Скопје

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Иселеници има во Швајцарија, Италија, Германија, Австралија, Хрватска и во други земји.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Хр. Матанов. Княжеството на Драгаши, София, 1997, с. 225
  2. „Населено место - Струмица“. www.strumica.gov.mk. конс. 2013-05-04. 
  3. 3,0 3,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.159.
  4. 4,0 4,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.106-107.
  5. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  6. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]