Рич
Рич — село во Општина Струмица, во околината на градот Струмица.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Рич се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 21 километри.
Надморската височина во селото е 509 метри а површината на селото изнесува 2450 ха.
Историја[уреди | уреди извор]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Претежно занимање на населението е сточарство и производство на вар. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 453 ха[1]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Рич живееле 225 жители, сите Македонци.[2]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Рич имало 280 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото имало 103 домаќинства и 382 жители, од кои 381 Македонец и 1 Србин.[4]
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[5]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 225[2] | 280[3] | 503 | 520 | 535 | 491 | 360 | 376 | 365 | 382 |
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Подрачно Основно училиште Маршал Тито
- Дом на култура
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 1767 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[6]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 316 гласачи.[7]
На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 322 гласачи.[8]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Црква Св. Илија
- Марна Скрка, археолошко наоѓалиште од доцноантичко време.
- Ченчиште, археолошко наоѓалиште од доцноантичко време.
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Населени места во Струмица“. http://www.strumica.gov.mk. Посетено на 2013-05-05. Надворешна врска во
|publisher=
(help) - ↑ 2,0 2,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 161.
- ↑ 3,0 3,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106 - 107.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Парламентарни избори 2020“. Посетено на 3 ноември 2020. line feed character во
|title=
во положба 21 (help)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Рич“ на Ризницата ? |
|