Костурино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Костурино
House of Culture - Kosturino (1).JPG

Домот на културата во Костурино

Костурино is located in Македонија
Костурино
Местоположба на Костурино во Македонија
Координати 41°21′25″N 22°36′33″E / 41.35694° N; 22.60917° E / 41.35694; 22.60917Координати: 41°21′25″N 22°36′33″E / 41.35694° N; 22.60917° E / 41.35694; 22.60917
Општина Струмица
Население 1280 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2413
Шифра на КО 27035, 27535
Надм. вис. 440 мнв м
Костурино на општинската карта
Костурино во Општина Струмица.svg

Атарот на Костурино во рамките на општината
Commons-logo.svg Костурино на Ризницата


Костурино — село во Општина Струмица, во околината на градот Струмица.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Споменик во селото

Костурино се наоѓа во Струмичкото Поле, во југоисточниот дел на Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 12 километри.

Надморската височина во селото е 440 метри а површината на селото изнесува 2.455 ха.

Селот се граничи со Три Води, Мемешли, Орманли, Злешево, Чепели, Раборци, Раброво.

Историja[уреди | уреди извор]

Костурино, црквата Св. Димитрија во 1931 г.
Погелед на Костурино во 1931 г.

Османлиски период[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Костурино се состоело од 102 семејства и 330 жители Македонци[1][2] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Белотино имало 790 жители Македонци[1][3].

Во текот на т.н. афера Мис Стон, селото било посетено од страна на Гоце Делчев, каде се сретнал со Андон Ќосето и Иван Манолев[4].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 936 Македонци и 5 Грци, и работело егзархиско училиште[1][5].

Југословенски период[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, и подоцна Кралство Југославија.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Претежно занимање на населението е zемјоделие, sточарство и производство на вар. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 575 ха[6].

Демографија[уреди | уреди извор]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.280 жители. Следува табела на националната структура на населението[7]

Националност Вкупно
Македонци 1 276
Турци 1
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 2
Бошњаци 0
останати 1

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[8]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 790[1] 941[1] 1.069 1.173 1.403 1.626 1.530 1.403 1.235 1.280

Општествени установи[уреди | уреди извор]

  • Подрачно основно училиште Даме Груев
  • Амбуланта
  • Пошта

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постојат изборните места бр. 1830 и 1831 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на овие изборни места биле запишани вкупно 1.090 гласачи.[10]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Пеливанско борење кое се одржуваа по поводот Петровден на 12 јули секоја година

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

  • Петровден е официјален празник на селото.
  • Пеливанското борење постаро од три века[11]
  • ФК Голаш-2005
  • Здружение на тутунопроизводители „Костурани“
  • Здружение на играорци „Костуранка"

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  2. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 186-187.
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 160.
  4. М. Пандевски и Г. Стоев-Трнката. „Струмица и Струмичко низ историјата“, Струмица, 1969, стр.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.
  6. „Населено место - Белотино“. www.strumica.gov.mk. Посетено на 2013-05-04.
  7. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  8. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  9. „Описи на ИМ“. Посетено на 21 декември 2019.
  10. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 21 декември 2019.
  11. „Пеливаните од Костурино биле страв и за османлиите“. .vest.com.mk. Посетено на 2013-05-05.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]