Куклиш
Куклиш | |
![]() Поглед кон селото | |
Координати 41°24′19″N 22°39′55″E / 41.40528° N; 22.66528° EКоординати: 41°24′19″N 22°39′55″E / 41.40528° N; 22.66528° E | |
Општина | Струмица |
Население | 2532 жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 2410 |
Шифра на КО | 27037, 27537 |
Надм. вис. | 250 м |
Слава | Свети Атанасиј |
![]() |
Куклиш — село во Општина Струмица, во околината на градот Струмица. До 2004 година било седиште на своја Општина Куклиш.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Куклиш се наоѓа во Струмичко Поле, во југоисточниот дел на Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 4 километри.
Надморската височина во селото е 250 метри а површината на селото изнесува 2198 ха.
Селото граничи со Градско Балдовци, Свидовица, Три Води, Дорломбос, Орманли, Сачево, Струмица.
Историја[уреди | уреди извор]
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Куклиш се состоело од 100 семејства со 306 жители Македонци[1][2] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Куклиш имало 700 жители Македонци[1][3].
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 904 Македонци и функционирало егзархиско училиште[1][4].
Во селото имало комитет на ВМОРО, кој бил основан од страна на Христо Чернопеев и Михаил Думбалаков[5].
Палење на селото[уреди | уреди извор]
Во 1904 година селото било запалено од страна на турската војска. Според преданијата, во овој напад загинале 38 селани, меѓу кои жена и дете а имало и силување од страна на аскерот. Според други извори, од вкупно 105 куќи во Куклиш, 64 изгореле целосно до темел.
На 3 февруари 1904 година Крсто Ѓоргиев Новоселски со својата мала чета слегол во селото. Тој во селото бил предаден па по него се упатил башибозукот од Струмица. Битката започнала уште во раните утрински часови и траела цел цен, сè до полноќ. Турците на неколкупати се обидувале да се доближат и да ја запалат куќата каде биле четниците, но секогаш биле одбивани со големи загуби. Околу полноќ опсадените, со силен налет, и фрлајќи бомби, си пробиле пат и се извлекле кон Беласица. Четниците поминале без ниедна жртва, а од Турците загинале 18 души, меѓу кои и еден офицер. Во овој број се нашол „пеливанот” Сефедин чауш, од блиското село Габрово. Турците гневни поради неуспехот да се зароби или убие војводата Крсто Ѓоргиев Новоселски, турскиот аскер веднаш почнал со палењето и крвавото плачкосување на целото село.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Претежно занимање на населението е земјоделство. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 600 ха[6].
Демографија[уреди | уреди извор]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.532 жители[7] и претставува најголемо село во Општина Струмица, како и едно од најголемите села во Струмичко Поле.
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[8]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 700[3] | 940[4] | 1.317 | 1.442 | 1.786 | 2.057 | 2.382 | 2.555 | 2.517 | 2.535 |
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Подрачно Основно училиште Даме Груев
- Амбуланта
- Пошта
- Дом на култура
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постојат изборните места бр. 1827, 1828 и 1829 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на овие изборни места биле запишани вкупно 2.202 гласачи.[10]
На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие изборни места биле запишани вкупно 2.207 гласачи.[11]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Црква Св.Атанасиј
- Манастир Св. 15 Тивериоплоски Маченици. Манастирот "Св.15 Тивериополски Маченици", е именуван на Светците коишто се од Солун, и по време на својата мисија за ширење на христијанството биле заробени и убиени во Куклиш на местото каде што денес се наоѓа манастирот. Коските на неколку од светците се наоѓат и денес во манастирот во Куклиш, а поголемиот број од нив се наоѓат во манастирот "Св. 15 Тивериополски Маченици" којшто се наоѓа во Струмица. Таков манастир посветен на "Тивериополски Маченици" има уште и во Солун од каде што се тргнале. Името Тивериополски го добиле по старото име на Струмица која тогаш се викала Тивериопол.
- Спомен костурница на паднати борци од НОБ
Личности[уреди | уреди извор]
Борче Начев - глумец
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
- ФК Кукла
- KУД Браќа Минкови
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 1,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 186-187.
- ↑ 3,0 3,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 159.
- ↑ 4,0 4,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.
- ↑ Думбалаковъ, Михаилъ. Презъ пламъцитѣ на живота и революцията, томъ II, София, 1937, стр. 70.
- ↑ „Населено место - Белотино“. www.strumica.gov.mk. Посетено на 2013-05-04.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 21 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 21 декември 2019.
- ↑ „Парламентарни избори 2020“. Посетено на 3 ноември 2020. line feed character во
|title=
во положба 21 (help)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Куклиш“ на Ризницата ? |
|