Дабиље

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дабиље
Dabilje - Strumica (1).JPG
Дабиље is located in Македонија
Дабиље
Местоположба на Дабиље во Македонија
Координати 41°26′34″N 22°41′26″E / 41.44278° СГШ; 22.69056° ИГД / 41.44278; 22.69056Координати: 41°26′34″N 22°41′26″E / 41.44278° СГШ; 22.69056° ИГД / 41.44278; 22.69056
Општина Општина Струмица
Население 1946 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2400
Надм. вис. 221 мнв м
Commons-logo.svg Дабиље на Ризницата

Дабиље (исто така, се среќава и како Дабиле и Дабиља) е село во Општина Струмица, кое се наоѓа недалеку од градот Струмица.

Селска чешма

Географиja[уреди | уреди извор]

Дабиље се наоѓа во централната зона на територијата на Општина Струмица, во рамнинскиот дел на Струмичко Поле. Се наоѓа недалеку од градот Струмица (на 4км оддалеченост), на патот Струмица - Ново Село. Се работи за рамничарско село на надморска височина од 221 метри. Атарот на селото е 6,8 квадратни километри. Селото се граничи со Струмица, Добрејци, Градско Балдовци, Сачево, Струмица, Просениково, Сарај, Босилово, Робово.

Во близина на селото поминува реката Водочница.

Историja[уреди | уреди извор]

Кон крајот 19 век, кога Македонија била во состав на Отоманската Империја, во селото се бележи револуционерна дејност. Првиот човек кој ги прифатил идеите на ВМРО во струмичкиот регион бил Стојан Ѓорѓиев од Дабиле, кој во 1895 година го формирал и првиот месен комитет во Струмица. Во овие краишта бил формиран и дејствувал Огражденскиот окружен македонско-одрински револуционерен комитет. Дабиље се спомнува и во Спомените на Михаил Герџиков. На почетокот на XX век селото потпаѓа под црковно-пропагандното влијание на Бугарската егзархија.

Економија и инфраструктура[уреди | уреди извор]

Во селото најзастапено е полјоделството. Катастарската површина е 760 хектари. Обработливото земјиште зафаќа 612 хектари, пасиштата зафаќаат 15,4 хектари, а шумите, пак, не се застапени. Во селото функционира ветеринарна станица, земјоделска аптека, а има и трговски објекти (дуќани за брави и огради, мебел, теписи), ковачница, автосервиси и угостителски објекти (ноќен локал - ресторан Шабан). Вкупниот број на активни правни лица е 47. Во Дабиља се врши откуп на тутун и постојат откупни станици за земјоделски производи.Исто така значајна фирма во дабиле е- НАПРЕДОК КОМЕРЦ -која се занимава со производство и промет на хтз опрема, односно работна облека која се продава на пазарите во Македонија и Европа.Оваа претпријатие е основано во 1990 година со главно трговска дејност,за подоцна во 2003 година да отвори и производствен погон за потребите на претпријатието. По 23 години успешна работа фирмата Напредок Комерц од Дабиле изгради нов деловно трговски објект на патот Дабиле Ново Село во „индустриската зона Дабиле “со што придонесува за успешно развивање на овој индустриски комплекс. Некои од културите кои се одгледуваат во Дабиље се: индустриска пиперка, лубеница, луцерка, моркови, компири, итн.

Земјоделско ориентираното Дабиље е често подложно на економски потреси од временски непогоди, особено поплави. Проблемите предизвикани со поплавите се особено актуелни и поради недостигот на фекална канализација и покрај тоа што изградбата на канализација во Дабиље е предвидена со МЕАП програмата, финансирана од ЕБОР, Владата на Република Македонија и од странски донации. Жителите проблемот со фекалните води го решаваат со изградба на септички јами. [1] Во есента 2008, како резултат на вложувањата на Општина Струмица, во Дабиље поставена е примарна водоводна мрежа, но сепак, предлогот жителите на селото да учествуваат со самопридонес при инсталирањето на чешми во домовите е одбиен на референдум. Како резултат, Дабиље е едно од четирите населени места во Општина Струмица кое сѐ уште нема секундарен водовод. Населението се снабдува со вода за пиење преку артески бунари и пумпи, пришто водата има сомнителен квалитет. [2] [3] [4]

Селото располага со асфалтирана патна мрежа (улиците не се означени, но добар дел од нив имаат тротоари), електрична мрежа, телекомуникациски врски. Селото е опслужувано од струмичкиот кабелски оператор Кабел Нет.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Дабиље живееле 620 жители, сите Македонци.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Дабиље имало 584 Македонци, егзархисти и 8 протестанти.[2]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.946 жители, Следува табела на националната структура на населението[3]

Националност Вкупно
Македонци 1 941
Турци 0
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 5
Бошњаци 0
Други 0

Половата дистрибуција е 1000 мажи и 946 жени. Бројот на домаќинства е 531.

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години: [4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 620[1] 592[2] 1.163 1.307 1.549 1.671 1.770 1.964 1.962 1.946

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

За време на избори се гласа во месната заедница и во основното училиште.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени
Поврзани
  • Ока Николов - германски фудбалер (потекло од Дабиле)
  • Катерина Пандева - советник на претседателот на собранието на Р.М. Трајко Велјановски

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Во Дабиље функционира деветгодишното основно училиште Кирил и Методиј. Во рамките на училиштето има една паралелка – подготвителна година на основно образование со вкупно 16 ученици и еден воспитувач. Во основното образоние има 13 паралелки со вкупен број на ученици 296 и вкупно наставници 20.

Во селото познат е ноќниот локал Шабан' и „Пепи“ '.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

Панов, Митко: Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Патрија, Скопје, 1998, 90 стр.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 160.
  2. 2,0 2,1 Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 106-107.
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.