Стојан Георгиев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Стојан Георгиев бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е во струмичкото село Дабиље во богата фамилија на сапунџии, жители на Струмица. Учи во своето родно село и Штип. Во 1892 година завршува во Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, а подоцна завршува и високо образование на Софискиот универзитет. Се враќа во Струмица и работи во штотуку отвореното егзархиско училиште.

Предава во Белоградчик и на други места. Влегува во Македонската револуционерна организација и од 1895 година е на чело на движењето во Струмичко. До крајот на 1895 година, заедно со кондураџијата Доне Лазаров, создава револуционерни комитети во следните села: Дабиље, Муртино, Робово, Варварица, Вељуса, Нивичани, Василево, Моноспитово, Ново Село, Куклиш, Костурино и Попчево [1] Во април 1898 година се префрла во внатрешноста на Македонија како војвода на чета, успешно се справува со поставените задачи и во септември се враќа во Бугарија. Во 1903 година е уапсен и осуден на 101 години затвор по разврзаната на Струмичка афера.

Во 1914 година е избран за бугарски народен претставник во XVII бугарско народно собрание. Убиен е на пат за Софија. Струмички деец на ВМОРО Васил Драгомиров за Стојан Георгиев пишува :

Тој имаше благ карактер, со голем и бистар ум, го критикуваше лошото со цел да го спречи. Беше бестрашен. Со агитирање привлекуваше луѓето кон организацијата, иако приказните му беа за бунт и востание. Од неговите зборови и шпионите стануваа негови верни следбеници и здрави луѓе на организацијата [2].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. „Революционната борба в Гевгелийско по спомените на Илия Костадинов Докторов“, Съставител: Кирил Григоров Пърличев, „Македония прес“, София, 2004, стр.108-109.
  2. „Борбите в Македония - Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 213