Варварица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Варварица
Св. Петка.JPG

Црква „Св. Петка“

Варварица is located in Македонија
Варварица
Местоположба на Варварица во Македонија
Координати 41°30′2″N 22°31′44″E / 41.50056° СГШ; 22.52889° ИГД / 41.50056; 22.52889Координати: 41°30′2″N 22°31′44″E / 41.50056° СГШ; 22.52889° ИГД / 41.50056; 22.52889
Општина Општина Василево
Население 2 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 789 м

Варварица — село во Општина Василево, во околината на градот Струмица.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Варварица се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во југоисточната падина на планината Смдрешник, во најзападниот дел на Општина Василево, додека атарот на селото граничи со Општина Конче. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 15 километри.

Надморската височина во селото е 789 метри додека селото зафаќа површина од 8,2 км2. Од нив 517,2 хектари се шуми, 167,2 хектари се обработливо земјиште и 34,4 се пасишта[1]

Селото се граничи со Седларци, Требичино, Вељуса, Горни Липовиќ, Папавница.

Историja[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Во текот на 19 век, селото било чисто македонско. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, селото се состоело од 8 семејства и 35 жители Македонци[2][3]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 140 жители Македонци[2][4]. Во 1895 година во селото била формирана Евангелска заедница[5]. Според Пејо Јаворов, во 1897 година во селото престојувал Гоце Делчев, кој агитирал низ населението за да се вклучи во борбата против османлиската власт[5].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 88 македонски егзархисти и 18 македонски протестанти[2][6].

По започнувањето на Балканските војни, од селото 1 лице бил доброволец во Македонско-одринските доброволни чети.[7]

Југославија[уреди | уреди извор]

По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС. На 27 октомври 1944 година во Варварица бил формиран Првиот околски народно-ослободителен одбор за Струмица и Струмичко, од избрани делегати на сите општински одбори во околијата. За претседател на Околискиот одбор бил избран Иван Палифров. По своето формирање Околискиот одбор раководел со работата на општинските одбори во Струмичко. Седиштето на одборот до 5 ноември 1944 година било во Варварица[5]. По крајот на Втората светска војна, Варварица било вклучено во рамките на СР Македонија, во составот на СФРЈ.

Македонија[уреди | уреди извор]

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Василево.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1961 година селото имало 176 жители. Во 1994 година во селото живееле 2 Македонци[1]..

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2 жители. Следува табела на националната структура на населението[8]

Националност Вкупно
Македонци 1
Турци 0
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 1
Бошњаци 0
Други 0

Денеска, селото е напуштено[9].

На табелата е прикажано движењето на населението низ сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 140 224 208 224 176 150 29 14 2 2

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

  • Традиционален марш до Варварица

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.38.
  2. 2,0 2,1 2,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  3. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 186-187.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 161.
  5. 5,0 5,1 5,2 Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.
  7. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 833.
  8. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  9. Населени места - Општина Василево

Надворешни врски[уреди | уреди извор]