Пиперево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пиперево
Piperevo, Strumica.jpg

Влезот во Пиперево

Пиперево is located in Македонија
Пиперево
Местоположба на Пиперево во Македонија
Координати 41°28′27″N 22°40′23″E / 41.47417° N; 22.67306° E / 41.47417; 22.67306Координати: 41°28′27″N 22°40′23″E / 41.47417° N; 22.67306° E / 41.47417; 22.67306
Општина Општина Василево
Население 1.401 жит.
(поп. 2002)
Шифра на КО 27049, 27549
Надм. вис. 228 м
Слава Ѓурѓовден
Пиперево на општинската карта
Пиперево во Општина Василево.svg

Атарот на Пиперево во рамките на општината

Пиперево или Пиперово — село во Општина Василево, во околината на градот Струмица.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Клуб на пензионери

Пиперево се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, средишниот дел на Струмичка Котлина и припаѓа на Општина Василево. Покрај селото од запад тече реката Струмица а од исток реката Турија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 6 километри.

Надморската височина во селото е 228 метри додека селото зафаќа површина од 7,2 км2. Од нив 630 хектари се обработливо земјиште[1]

Селото се граничи со Василево, Доброшинци, Нова Маала, Чанаклија, Добрејци, Просениково.

Историja[уреди | уреди извор]

Антички период[уреди | уреди извор]

Ова населено место е познато по археолошкото наоѓалиште Тарласи, што се наога југоисточно од населбата. Претставува населба од доцноантичкото време. На северниот раб на селото, на простор од 200 х 200 м се среќаваат фрагменти од керамички садови и питоси. Во нивата на А. Коцев бил најден питос со натпис[2].

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Имa пoдaтoци декa селoтo се спoмнувa уште oд 1769 гoдина. Во текот на XIX век, селото било мешано. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 290 жители Македонци и 125 Турци[3][4]. Црквата Св. Ѓорѓи во селото била изградена во 1870 година.

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 208 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и 36 Роми. Во селото функционирало и училиште[3][5].

Како чифлик-сајбија на селото во последните години на османлиското владеење на овие простори бил Нефи-беј.

Југославија[уреди | уреди извор]

По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС. Во текот на Втората светска војна, во регионот започнала партизанската пропаганда за мобилизирање на населението. Најчесто биле испраќани и летоци меѓу населението[6].

По крајот на Втората светска војна, Пиперево билo вклученo во рамките на СР Македонија, во составот на СФРЈ.

Македонија[уреди | уреди извор]

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Василево.

Економија[уреди | уреди извор]

Главно занимање на населението во Пиперево е земјоделството. Населението најмногу одгледува раноградинарски култури

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1961 година селото имало 976 жители, од кои 875 биле Македонци и 98 биле Турци. Во 1994 година во селото живееле 1300 луѓе, од кои 1200 биле Македонци и 100 биле Турци[1][7].

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.401 жител. Следува табела на националната структура на населението[8]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 660
1953 678 85 1 8 769
1961 875 98 2 1 976
1971 941 76 1 1 018
1981 1 103 92 1 5 1 201
1991 1 193 116 2 1 311
1994 1 200 100 3 1 1 300
2002 1 260 139 2 1 401

Селото има поволна демографска состбојба, со оглед на тоа дека бележи благ пораст на населението низ пописните години.

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постојат изборните места бр. 1804 и 1804/1 според Државната изборна комисија, сместени во Дом на културата.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на овие изборни места биле запишани вкупно 1.163 гласачи.[10]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.225.
  2. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  3. 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 160.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.
  6. Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969.
  7. Според изворот, бројот на Македонци и Турци не е еднаков со вкупниот број на население
  8. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  9. „Описи на ИМ“. Посетено на 21 декември 2019.
  10. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 21 декември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]