Сушево (Струмичко)

Координати: 41°31′35″N 22°37′36″E / 41.52639° СГШ; 22.62667° ИГД / 41.52639; 22.62667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Сушево

Сушево

Сушево во рамките на Македонија
Сушево
Местоположба на Сушево во Македонија
Сушево на карта

Карта

Координати 41°31′35″N 22°37′36″E / 41.52639° СГШ; 22.62667° ИГД / 41.52639; 22.62667
Општина Општина Василево
Население 508 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 27067
Надм. вис. 300 м
Слава Митровден
Сушево на општинската карта

Атарот на Сушево во рамките на општината

Сушево — село во Општина Василево, во околината на градот Струмица.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Сушево се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во северниот дел на Струмичка Котлина и припаѓа на Општина Василево. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 12 километри.

Надморската височина во селото е 300 метри додека селото зафаќа површина од 10,9 км2. Од нив, 373 хектари се обработливо земјиште, 456 хектари се шуми и 183 хектари се пасишта [2]

Историја[уреди | уреди извор]

Антички период[уреди | уреди извор]

ОУ „Гоце Делчев“
Црква „Св. Димириј“

Ова населено место е познато по археолошкото наоѓалиште Граница. Претставува населба од доцноантичко време. На 2 км северно од селото, на висок рид со доминантна местоположба, на простор од 70 х 50 м има големи грамади од насобрани камења, фрагменти од питоси и покривни ќерамиди[3]. Освен тоа, во селото се наоѓа и археолошкото наоѓалиште Манастир. Претставува базилика од старохристијанско време. На 500 м западно од селото се гледаат темели на старохристијанска базилика која е значително оштетена. Темелите се градени од камен и варов малтер.

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Во текот на XIX век, селото било мешано. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 60 жители Македонци и 190 Турци[4][5].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 56 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија[4][6].

Југославија[уреди | уреди извор]

По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС.

По крајот на Втората светска војна, Сушево било вклученo во НР Македонија, во составот на СФРЈ.

Македонија[уреди | уреди извор]

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Василево.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Турци и 100 Македонци.[7]

На пописот од 2002 година, селото имало 723 жители и спаѓа во групата на средно големи села, но низ годините е забележат благ пораст на населението.[8]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Сушево има 508 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно
Македонци 441
Албанци 2
Турци 8
Роми 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 57

На табелата е прикажан националниот состав на селото низ сите пописни години:[9]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 430
1953 120 359 3 7 489
1961 489 26 2 1 518
1971 635 10 2 1 648
1981 709 12 4 725
1991 731 14 2 1 748
1994 729 16 745
2002 707 15 1 723

Институции и знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[3]
  • Граница — населба од доцноантичко време;
  • Манастир — базилика од старохристијаснско време;
Цркви[10]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1807 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 569 гласачи.[13]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.282.
  3. 3,0 3,1 Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  4. 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 160.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  9. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
  10. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  11. ЧУДО ВО СУШЕВО: НА СОН И СЕ ЈАВИЛ СВ. ГЕОРГИЈ СО ПОРАКА ДЕКА ИМА СПАС ЗА НЕЈЗИНИОТ ЖИВОТ. Архивирано од изворникот на 2017-01-24. Посетено на 2016-10-04.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]