Седларци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Седларци
Sedlarci.jpg

Влезот на Седларци

Седларци is located in Македонија
Седларци
Местоположба на Седларци во Македонија
Координати 41°29′25″N 22°35′4″E / 41.49028° СГШ; 22.58444° ИГД / 41.49028; 22.58444Координати: 41°29′25″N 22°35′4″E / 41.49028° СГШ; 22.58444° ИГД / 41.49028; 22.58444
Општина Општина Василево
Население 343 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 263 м
Слава Митровден
Седларци на општинската карта
Седларци во Општина Василево.svg

Атарот на Седларци во рамките на општината

Седларци — село во Општина Василево, во околината на градот Струмица.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Спортско игралиште
Селска чешма

Пиперево се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, северозападниот дел на Струмичка Котлина и припаѓа на Општина Василево. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 11 километри.

Надморската височина во селото е 263 метри додека селото зафаќа површина од 4,3 км2. Од нив, 232 хектари се обработливо земјиште, 139 хектари се шуми и 36 хектари се пасишта [1]

Историja[уреди | уреди извор]

Антички период[уреди | уреди извор]

Ова населено место е познато по археолошкиот локалитет Киров Рид . Локалитетот претставува населба од доцноантичкото време. На 500 м источно од селото, на левата страна од патот Седларци-Ангелци, во нивата на П. Лазаров се откриени два големи питоса и се среќава голем број фрагменти од керамички садови и покривни ќерамиди. На локалитетот има и остатоци од топена железна руда[2].

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Во текот на 19 век, селото било чисто македонско. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, селото се состоело од 8 семејства и 28 жители Македонци[3][4]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 100 жители Македонци[3][5].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 104 македонски егзархисти[3][6].

Југославија[уреди | уреди извор]

По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС. Во текот на Втората светска војна, во селото бил формиран НОО од страна на Киро Минанов[7]. По крајот на Втората светска војна, Седларци било вклучено во рамките на СР Македонија, во составот на СФРЈ.

Македонија[уреди | уреди извор]

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Василево.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1961 година селото имало 280 жители, сите Македонци. Во 1994 година во селото живееле 334 жители, сите Македонци[1].

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 343 жители. Следува табела на националната структура на населението[8]

Националност Вкупно
Македонци 343
Турци 0
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 0

Институции и знаменитости[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.259.
  2. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  3. 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 186-187.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 160.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.
  7. Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969.
  8. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]