Нова Маала

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нова Маала
Nova Maala.jpg

Влезот во селото

Нова Маала is located in Македонија
Нова Маала
Местоположба на Нова Маала во Македонија
Координати 41°31′35″N 22°41′54″E / 41.52639° СГШ; 22.69833° ИГД / 41.52639; 22.69833Координати: 41°31′35″N 22°41′54″E / 41.52639° СГШ; 22.69833° ИГД / 41.52639; 22.69833
Општина Општина Василево
Население 823 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 316 м
Нова Маала на општинската карта
Нова Маала во Општина Василево.svg

Атарот на Нова Маала во рамките на општината
Commons-logo.svg Нова Маала на Ризницата


Нова Маала — село во Општина Василево, во околината на градот Струмица.

Географиja и местоположбa[уреди | уреди извор]

Нова Маала се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во подножјето на планината Огражден и припаѓа на Општина Василево. Нејзиниот атар допира со границите на Општина Босилово. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 14 километри.

Надморската височина во селото е 316 метри додека селото зафаќа површина од 17,9 км2. Од нив 557 хектари се обработливо земјиште, 770 хектари се шуми и 335 се пасишта[1]

Историja[уреди | уреди извор]

Антички период[уреди | уреди извор]

Ова населено место е познато по археолошкиот локалитет Грамада, што се наога југоисточно од населбата. Локалитетот претставува населба од доцноантичкото време. Се наоѓа 1 км југоисточно од селото, на простор од 150 х 100 м се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Има и неколку грама¬и од насобрани камења[2].

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Пред доаѓањето на Османлиите на овие простори, селото се нарекувало Алексино[3]. Во текот на 19 век, селото било чисто турско. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, селото се состоело од 70 семејства и 150 жители Турци[4]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 510 жители Турци[5].

Југославија[уреди | уреди извор]

Голем дел од муслиманското население ги напуштило своите домови по крајот на Балканските војни, додека на нивно место се населиле бегалци од Егејска Македонија[3]. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС. Во текот на Втората светска војна, во селото бил формиран селскиот НОО од страна на Ѓорѓи Стоев. На 28 септември 1944 година, во близина на селото од страна на германските сили биле нападнати позициите на партизаните. Во судрувањето кое траело неколку часа, фашистите биле разбиени и принудени да се повлечат кон Струмица. При повлекувањето тие се обиделе да го запалат селото, но на тоа повторно реагирале партизаните и ги спречиле во намерата. Во тие борби 4-та македонска бригада изгубила тројца борци и имала еден тешко ранет, додека Германците имале пет загинати[3].

По крајот на Втората светска војна, Нова Маала била вклучена во рамките на СР Македонија, во составот на СФРЈ.

Македонија[уреди | уреди извор]

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Василево.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според последниот попис од 2002 година, селото има 823 жители и спаѓа во групата на големи села.

На табелата е прикажана националниот состав на селото низ сите пописни години: [6]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 696
1953 283 88 1 32 784
1961 343 276 2 1 622
1971 415 1 213 1 540
1981 550 206 5 761
1991 610 201 1 2 814
1994 544 192 3 739
2002 679 142 1 1 823

Религија[уреди | уреди извор]

Нова Маала е едно од двете единствени села во Македонија со мнозинство население кое верски припаѓа на католичката црква. На табелата е прикажана верската определба во селото од 2002 година:[7]

Вера Жители Проценти (%)
Католици 520 63,18 %
Муслимани 232 28,18 %
Православни 69 8,38 %
останати 2 0,24 %

Институции и знаменитости[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.201.
  2. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  3. 3,0 3,1 3,2 Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 161.
  6. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  7. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]