Висока Маала

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Поглед кон Висока Маала
Висока Маала
Висока Маала is located in Македонија
Висока Маала
Местоположба на Висока Маала во Македонија
Координати 41°33′19″N 22°41′3″E / 41.55528° N; 22.68417° E / 41.55528; 22.68417Координати: 41°33′19″N 22°41′3″E / 41.55528° N; 22.68417° E / 41.55528; 22.68417
Општина Општина Василево
Население 497 жит.
(поп. 2002)
Шифра на КО 27014
Надм. вис. 555 м
Висока Маала на општинската карта
Висока Маала во Општина Василево.svg

Атарот на Висока Маала во рамките на општината
Commons-logo.svg Висока Маала на Ризницата

Висока Маала — село во Општина Василево, во околината на градот Струмица.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Новата зграда на ОУ „Атанас Нивичански“
Стари гробишта

Висока Маала се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во северниот високопланински дел на Струмичка Котлина, во источниот дел на Општина Василево, додека атарот на селото граничи со Општина Босилово. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 17 километри.

Надморската височина во селото е 555 метри додека селото зафаќа површина од 19,6 км2. Од нив 1819,9 хектари се шуми, 116,5 хектари се обработливо земјиште и 21,3 се пасишта[1]

Историja[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Во текот на XIX век, селото било чисто турско. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, селото се состоело од 20 семејства и 55 жители Турци[2] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 185 жители Турци[3].

Југославија[уреди | уреди извор]

По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС. По крајот на Втората светска војна, Висока Маала била вклучена во рамките на СР Македонија, во составот на СФРЈ.

Македонија[уреди | уреди извор]

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Василево.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1961 година селото имало 342 жители. Во 1994 година во селото живееле 410 Турци[1]..

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 497 жители. Следува табела на националната структура на населението[4]

Националност Вкупно
Македонци 0
Турци 495
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 2

Институции и знаменитости[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 1808 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова изборно место е опфатено и селото Нивичино.[5]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 430 гласачи.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.45.
  2. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189.
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 161.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  6. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]