Кралство Југославија
Кралство Југославија¹ | ||||||
Kraljevina Jugoslavija Краљевина Југославија | ||||||
| ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||
Гесло Српски: Један народ, један краљ, једна држава Хрватски: Jedan narod, jedan kralj, jedna država Словенечки: En narod, en kralj, ena država „Една нација, еден крал, една земја“ | ||||||
Химна Национална химна на Кралството Југославија | ||||||
Кралството Југославија во 1930те.
| ||||||
Главен град | Белград (1918–1941) | |||||
Гл. град во бегство | Лондон (1941–1944) | |||||
Јазици | Српско-Хрватско-Словенечки | |||||
Уредување | Уставна монархија (1918–1929, 1934–1945) Апсолутна монархија (1929–1934) | |||||
Крал | ||||||
- | 1918–1921 | Петар I | ||||
- | 1921–1934 | Александар I | ||||
- | 1934–1945 | Петар II | ||||
Регент | ||||||
- | 1934–1941 | Принц Павле | ||||
Историски период | Меѓувоен период | |||||
- | Унија | 1 декември 1918 | ||||
- | Диктатура | 6 јануари 1929 | ||||
- | Инвазија | 6 април 1941 | ||||
- | Објавена република | 29 ноември 1945 | ||||
Површина | ||||||
- | 1921 | 247542 км² | ||||
Население | ||||||
- | 1921 | 11984911 | ||||
Густина | 48.4 жит/км² | |||||
- | 1931 | 13934038 | ||||
Густина | 56.3 жит/км² | |||||
Валута | Југославенска круна (1918–1920) Југословенски динар (1920–1944) | |||||
1Претходно позната како Кралство на Срби, Хрвати и Словенци 1918 - 1929. 2: српскохрватски јазик и словенечки јазик |
Кралството Југославија било кралство на Балканот коешто постоело од почетокот на Првата светска војна до почетокот на Втората светска војна. Се простирало на териториите на денешните држави: Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и најголемиот дел од денешна Словенија и Хрватска.
Историја[уреди | уреди извор]
Државата на Србите, Хрватите и Словенците била создадена на 1 декември 1918 година, како наследна уставна унитарна монархија. Држава со доминантен аграр, и слабо развиена индустрија, банкарство, трговија и сообраќај. Во 1921 година бил донесен Устав на Кралството СХС и дејствувале национални политички партии на трите конститутивни народи и југословенски интегристички партии. На 6 јануари 1929 година кралот Александар го суспендирал Уставот и воспоставил диктатура. Во 1931 г. било вратено уставното уредување со донесување на нов Устав.
Владата на Цветковиќ–Мачек на 25 март 1941 г. потпишала акт за пристапување на Кралството кон Тројниот пакт, што предизвикало големи мартовски демонстрации. На 27 март 1941 г. бил извршен државен удар, а власта ја презел генералот Душан Симовиќ. На 6 април 1941 е извршен нападот на Германија на Кралството Југославија, а на 17 април бил потпишан актот за капитулација на Кралството Југославија. Меѓународно правно Кралството Југославија постоело за сето време на Втората светска војна, претставувано од Кралската влада во егзил во Лондон. Државниот континуитет со ФНРЈ бил потврден со двата договора Тито-Шубашиќ потпишани во 1944 г., првиот на 16 јуни на Вис, а вториот на 1 ноември во Белград.
Демографија[уреди | уреди извор]
Србите, Хрватите и Словенците биле уставните нации сѐ до 1929, кога од нив била создадена новата националност Југословени. Следните податоци, групирани по мајчин јазик, се од пописот на населението во 1921:[1]
- Срби или Хрвати : 8.911.509 (74,36%)
- Словенци: 1.019.997 (8,51%)
- Германци: 505.790 (4,22%)
- Унгарци: 467.658 (3,9%)
- Арнаути: 439.657 (3,67%)
- Романци: 231.068 (1,93%)
- Турци: 150.322 (1,25%)
- Чехословаци): 115.532 (0,96%)
- Русини: 25.615 (0,21%)
- Руси: 20.568 (0,17%)
- Полјаци: 14.764 (0,12%)
- Италијанци: 12.553 (0,11%)
- Други: 69.878 (0,58%)
Религиозни групи[уреди | уреди извор]
- Христијани
- Православни: 5.600.000
- Римокатолици (вклучувајќи ги и источнокатоличките цркви): 4.700.000
- Протестанти: 200.000
- Муслимани: 1.300.000
- Евреи: 65.000
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Химна на Кралството Југославија
- Декларација од Крф
- Југословенски комитет
- Југославија
- Априлска војна
- Избори во Кралството на СХС, 1923
Наводи[уреди | уреди извор]
|