Стојан Протиќ
| Стојан Протиќ | |
|---|---|
| 1 Премиер на Југославија | |
| На должноста 19 февруари 1920 – 16 мај 1920 | |
| Монарх | Петар I |
| Претходник | Љубомир Давидовиќ |
| Наследник | Миленко Весниќ |
| На должноста 22 декември 1918 – 16 август 1919 | |
| Монарх | Петар I |
| Претходник | Никола Пашиќ |
| Наследник | Љубомир Давидовиќ |
| Лични податоци | |
| Роден(а) | 28 јануари 1857 Крушевац, Кнежевство Србија |
| Починал(а) | 28 октомври 1923 (возр. 66) Белград, Кралство СХС |
| Партија | Народна радикална партија |
Стојан М. Протиќ (Крушевац, 16/28 јануари 1857 — Белград, 28 октомври 1923) бил српски политичар, државник и публицист, едан од основачите на Народната радикална партија во Србија. Повеќе пати бил министер за финансии. После Првата светска војна ја образувал првата влада на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците и бил прв нејзин премиер.
Биографија
[уреди | уреди извор]
Нижа гимназија завршил во Крушевац, а виша во Крагуевац. Завршил на Историско-филолошкиот отсек на Великата школа во Белград. На Великата школа доста се истакнал, а едан од професорите му бил Стојан Новаковиќ.
За местото лидер на Радикалната партија се судрил со Пашиќ, но изгубил и водач на партијата станал Пашиќ. Нешто повеќе од година дена бил управник на Народната библиотека на Србија (1900—1901). Го издавал и го уредувал списанието „Дело“ и весникот „Одјек“ и го напишал одговорот на австроунгарскиот ултиматум на Србији во 1914 година.
Дела
[уреди | уреди извор]Стојан Протиќ ги напишал следниве дела:
- „О Македонији и Македонцима“ (1888)
- „Албански проблем и Србија и Аустроугарска“ (1913)
- „Срби и Бугари у Балканском рату“ (1913)
- „Тајна конвенција између Србије и Аустроугарске“... (1919)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
| ||||||||||||