Леон Штукељ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Леон Штукељ
Leon Štukelj 1958.jpg
Леон Штукељ во 1958 година
Лични податоци
Роден(а) 12 ноември 1898(1898-11-12)
Ново Место, Австро-Унгарија
Починал(а) 8 ноември 1999(1999-11-08) (воз. 100 г.)
Марибор, Словенија
Спорт
Земја Кралство Југославија Југославија
Спорт Гимнастика

Леон Штукељ (12 ноември 1898 – 8 ноември 1999) — југословенски гимнастичар од словенечко потекло, освојувач на првиот олимписки златен медал за Југославија.

Штукељ е позната личност во словенската спортска историја. Тој е еден од малкуте словенски спортисти кои се искачиле на самиот врв на спортот, останувајќи таму од Светското првенство во 1922 во Љубљана па се до Летните олимписки игри 1936 одржани во Берлин, на кои тој ја завршил својата спортска кариера.

Штукељ се натпреварувал на седум големи меѓународни натпреварувања и освоил вкупно дваесет медали: осум златни, шест сребрени и шест бронзени медали. На Олимписките игри тој освоил вкупно шест медали: два златни медали на игрите во 1924 во Париз, еден златен и два бронзени медали на игрите во 1928 во Амстердам, и еден сребрен медал на игрите во 1936 во Берлин.

Биографија[уреди | уреди извор]

Штукељ бил роден во Ново Место, Австро-Унгарија (денес Словенија).

Во 1927 година, тој ги завршил своите правни студии. Уште од рана возраст, тој бил активен член на спортското друштво Сокол. По завршувањето на својата спортска кариера тој станал судија, првично во својот роден град Ново Место. Потоа тој се преселил во Ленарт, а подоцна и во Марибор, каде живеел се до неговата смрт. По Втората светска војна, Штукељ не бил подржувач на ново формираниот комунистички режим на Југославија. Се претпоставува дека за време на Втората светска војна, тој бил дел од југословенското движење Четници, кое бил непријателски настроено кон Титовите партизани, и одржувал контакти со Британската управа за специјални операции.[1][2][3]. По војната, тој бил првично притворен а потоа и ослободен, но трајно му била одземена дозволата да биде судија. Тој работел како адвокатски помошник се до своето пензионирање. Во 1989 година, тој ја издал автобиографијата Моите седум светски натпреварувања (Mojih sedem svetovnih tekmovanj).

Штукељ бил специјален гостин на свеченото отварање на Летните олимписки игри 1996 одржани во Атланта како тогаш-најстариот жив освојувач на златен олимписки медал, каде се ракувал со американскиот претседател Бил Клинтон. Тој исто така ги доделил медалите во машка конкуренција во гимнастика. Тој бил поканет да присуствува на свеченото отварање на игрите во 2000 во Сиднеј, но за жал, тоа не се случило.

На неговиот 100. роденден во 1998 година била организирана голема прослава во Словенија. Штукељ сеуште вежал редовно дури пред неговата смрт, која настанала четири дена пред да наполни 101 година.

Во знак на благодарност и сеќавање, две спортски сали во Ново Место и Марибор го носат неговото име.

Куќа на славни[уреди | уреди извор]

  • (1997) – бил примен во Меѓународната гимнастичка куѓа на славни[4]
  • (2011) – бил примен во куќата на славните која ги слави словенските спортисти[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]