Марибор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Марибор
Maribor
Град и општина
Градско собрание.
Градско собрание.
Местоположба на Општина Марибор.
Местоположба на Општина Марибор.
Марибор се наоѓа во Словенија
Марибор
Местоположба на Марибор.
Координати: 46°33′ СГШ 15°39′ ИГД / 
Држава  Словенија
Општина Марибор
Управа
 • Градоначалник Франц Канглер
Површина
 • Вкупна 148 км2
Население (2010)[1]
 • Вкупно 112.642
 • Густина Лошо заокружување0.76.109.459.459.459.00/км2
Часовен појас CET (UTC+01)
 • Лете (DST) CEST (UTC+02)
Поштенски код 2000
Повик. бр. 02
Мреж. место maribor.si

Марибор (словенечки: Maribor) — втор најголем град во Словенија со население од 95,787 жители.[2] Градот се наоѓа на реката Драва. Градот е седиште на истоимената општина, која пак има население од 112,642 жители.[3] Марибор е универзитетски град, како и економски, финансиски, административен, образовен, културен, трговски и туристички центар на североисточна Словенија. Покрај тоа, градот е центар на покраината Штаерска и седиште на Подравскиот статистички регион. Во 2012 година, Марибор беше Европски главен град на културата, а една година потоа, во 2013 беше Европски главен град на младите.[4]

Во градот се сместени голем број на институции од национално значење, како што се Универзитетот во Марибор, Институтот за информатички науки, Словенечки народен театар Марибор и други.

Марибор има многу поволна позиција на крстосницата на значајни европски патишта, се наоѓа по течението на реката Драва и е во непосредна близина на познатиот планински скијачки центар Похорје.

Име на градот[уреди | уреди извор]

Името на градот за прв пат во пишана форма се среќава како castrum Marchburch, според документ кој датира од 20 октомври, 1164 година, кога ова име било употребено за да се означи утврдувањето направено на оваа локација за заштита од унгарските напади. Подоцнежни варијации на ова име биле MarkpurgMarkburg in подоцна Marburg. Корените се во германскиот јазик, каде што зборот burg значи тврдина или утврдување.

За да не може словенечкиот град да се помеша со германскиот град Марбург, кој се наоѓа во Хасен, по течението на реката Лана, во 19 век неговото име било променето во Marburg an der Drau, што преведено од германски јазик значи Марибор на реката Драва.

Денешната верзија на името е дело на хрватско-словенечкиот поет Станко Враз и датира од 1836 година. Враз го модифицирал името на градот така што го задржа првиот дел од зборот Mar, а германскиот burg го променил во словенечкиот bor. На почетокот го употребувал името Марбор, а подоцна името Марибор. Од 1838 година сите негови пријатели почнале да го употребуваат името Марибор. Борбата за воведување на ова име траеше во следните 25 години, посебно заради отпорот на словенечкиот народ. [5]

Географија[уреди | уреди извор]

Топографија[уреди | уреди извор]

Марибор се наоѓа на 269,5 метри надморска височина, 15° 39' 12" географска должина и 46° 33' 39" географска ширина. Има поволна географска положба затоа што има добра транспортна (патничка и железничка) конекција со други значајни градови, како што се Загреб, Грац и Љубљана.

Низ градот тече реката Драва, на која се наоѓа и „Мариборскиот остров“, каде што се наоѓаат голем број јавни плажи, базени, ресторани и други угостителски капацитети кои го прават островот привлечна дестинација која е посетувана од многу локални граѓани и странски и домашни туристи. Драва го дели градот на два дела, од кои во северниот дел е сместено старото градско јадро. Двата дела на градот се поврзани преку четири мостови за патнички сообраќај, еден железнички и еден пешачки.

Во градот има два рида, Калварија и Пирамида, кои се опкружени со плантажи на винова лоза. Ридот Пирамида ја дефинира северната граница на градот. Тука се наоѓаат остатоци од првиот мариборски замок од 11 век, како и капела која е изградена во 19 век. Овој ред овозможува непречени погледи на целиот град и неговата околина.

Клима[уреди | уреди извор]

Просечната годишна температура на воздухот е 9,0 °C. Најниската месечна просечна температура е во јануари -2,3 °C, а највисоката во јули 0,7 °C. Зимите се прилично студени, летата се жешки, а во пролет и есен преовладуваат умерени температури. За ваквите поволни климатски услови сведочи и повеќевековната лозарска традиција. [6]

Просечното количество на врнежи е 1050 mm; најмногу има во мај, јуни и јули. Есенските месеци се релативно суви. Мариборската клима се одликува со сончеви денови, чиј број на годишно ниво просечно изнесува 266. Тоа го прави Марибор еден од најсончевите градови во Словенија. Во Марибор маглите не се многу честа појава. Се појавуваат во ноември и декември како резултат на зголемена влажност на воздухот и зголемена облачност. [6]

Население[уреди | уреди извор]

Населението на Марибор[7]

1991 1996 2002 2004 2007
119,828 116,147 110,668 112,558 119,071

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]