Марбург

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Марбург
Поглед на Марбург со замокот и црквата Св. Елизабета
Поглед на Марбург со замокот и црквата Св. Елизабета
Грб на Марбург
Марбург is located in Германија
Марбург
Управа
Земја Германија
Покраина Хесен
Округ Марбург-Биденкопф
Градски единици 20
Основни податоци
Површина 123,92 км2
Надм. височина 173-412 м
Население 74.675 (31 декември 2016)[1]
 - Густина 603 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. MR
Пошт. бр. 35001-35043
Повик. бр. 06421
Портал www.marburg.de
Местоположбата на градот Марбург во рамките на округот Марбург-Биденкопф
Карта
Координати 50°48′36″N 8°46′15″E / 50.81000°N 8.77083°E / 50.81000; 8.77083Координати: 50°48′36″N 8°46′15″E / 50.81000°N 8.77083°E / 50.81000; 8.77083

Марбург (германски: Marburg) е град во германската сојузна држава Хесен. Има 73.147 жители (2014).

Историја[уреди | уреди извор]

Црква Св. Елизабета во Марбург

Како и многу населени места, Марбург се развил на раскрсница од два важни средновековни патишта: трговскиот пат што ги спојувал Келн и Прага и трговскиот пат од Северно Море до Алпите во Италија. Населбата била штитена и биле воведени давачки од малиот замок изграден во 9 или 10 век. Марбург е град од 1140 година, што се покажува по најдените моенти.

Во 1228 година, принцезата од Тирингија, Елизабета од Унгарија, го одбрала Марбург за свое седиште, а животот го посветила на болните. Починала на 24 годишна возраст, во 1231 година, и била прогласена за светица во 1235 година.

Марбург бил познат по најстариот протестантски универзитет, кој бил основан во 1527 година, а го основал Филип I, гроф од Хесен, и кој во текот на 1529 година во Марбург се обидел да ги смири двете струи на протестантизмот. Организирал во Марбург состанок на Мартин Лутер и Улрих Цвингли, но тие не успеале целосно да се договорат.

Браќата Грим во Марбург ги собирале идеите за своите бајки, а една од зградите во Марбург била инспирација за Рапунцел. Во текот на австриско-пруската војна во 1866 година, кнезот на Хесен ја поддржал Австрија, па по австрискиот пораз, Хесен и Марбург биле споени со Прусија.

Франц фон Папен, заменик-канцелар на Германија, на 17 јуни 1934 година во универзитетот во Марбург зборувал против нацизмот. Во текот на Втората светска војна, од 1942 до 1945 година, целиот град бил претворен во голема болница, а училиштата и владините згради биле претворени во одделенија на постоечките болници. Во пролетта 1945 година, во Марбург имало повеќе од 20.000 пациенти, повеќето германски војници. Поради тоа што градот бил претворен во болница, не претрпел значителни штети од бомбардирање, освен долж железничките пруги.

Во 1945 година, во црквата Св. Елизабета во Марбург биле пренесени останките на фелдмаршалот и претседател Паул фон Хинденбург, кој е почесен граѓанин на градот.

Туристички атракции[уреди | уреди извор]

Марбург долго време останал ренесансен град, делумно заради изолацијата меѓу 1600 и 1850 година. Познат е по својата архитектура, посебно на замокот и на средновековните цркви. Црквата Св. Елизабета е една од две или три чисто готски цркви изградени северно од Алпите и надвор од Франција. Претставува архетип на готсса архитектура во Германија.

Најголем удел во претворањето на Марбург во атрактивен град имал градоначалникот Хано Дрешлер, кој бил на служба меѓу 1970 и 1992 година. Тој вршел реставрации, и ја воспоставил првата пешачка зона во Германија.

Во градот постои стара ботаничка градина, а надвор од градот нова ботаничка градина.

Пазарот е во центарот на стариот дел на Марбург, а во средишниот дел е псотавена фонтана посветена на Св. Ѓорѓи, и претставува популарно место за собирање на младите.

Клима[уреди | уреди извор]

Климатски податоци за Marburg
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Прос. висока °C (°F) 2.3
(36.1)
4
(39)
8.7
(47.7)
13.6
(56.5)
18.2
(64.8)
21.4
(70.5)
23
(73)
22.5
(72.5)
19.2
(66.6)
13.3
(55.9)
7.1
(44.8)
3.6
(38.5)
13.07
(55.49)
Сред. дневна °C (°F) −0.1
(31.8)
1.2
(34.2)
4.6
(40.3)
8.8
(47.8)
12.9
(55.2)
16.1
(61)
17.8
(64)
17.4
(63.3)
14.3
(57.7)
9.5
(49.1)
4.6
(40.3)
1.4
(34.5)
9.04
(48.27)
Прос. ниска °C (°F) −2.4
(27.7)
−1.5
(29.3)
0.6
(33.1)
4
(39)
7.7
(45.9)
10.9
(51.6)
12.6
(54.7)
12.3
(54.1)
9.5
(49.1)
5.8
(42.4)
2.1
(35.8)
−0.7
(30.7)
5.08
(41.12)
Прос. дожд мм (ин) 57
(2.24)
45
(1.77)
58
(2.28)
50
(1.97)
70
(2.76)
71
(2.8)
68
(2.68)
61
(2.4)
60
(2.36)
61
(2.4)
57
(2.24)
66
(2.6)
724
(28.5)
Извор: Climate Marburg (Hesse) (in german), accessed 19 December 2017

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]