Мартин Лутер
Мартин Лутер (германски: Martin Luther; 10 ноември 1483 – 18 февруари 1546) — германски духовник и водач на реформацијата во текот на XVI век[1]. Тој го поттикнал христијанскиот народ во Западна Европа да се спротивстави на Римокатоличката црква и папската доминација врз христијаните, која во тој период живеела на грбот на нејзините верници, воведувајќи меници за откупување на гревовите. Лутер се борел против тој режим, иако и самиот бил монах.
Со преводот на Библијата станал втемелувач на германскиот литературен јазик. Во 1517 година, јавно ги изнесе 95-те тези за реформа на црквата, што доведе до широко народно движење против папската власт. Всушност, движењето беше насочено против феудалното општествено уредување, на кое црквата му даваше организациона форма. Кога реформацијата доведе до селанска војна против феудализмот во 1525 година, Лутер направи се движењето да биде задушено.
Значење и влијание
[уреди | уреди извор]Гете имал високо мислење за творештвото на Лутер кого го сметал за гениј од посебен вид, чие влијание нема да престане ниту во далечната иднина.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Мартин Лутер - една библиографија Архивирано на 24 ноември 2005 г. (германски)
Оваа биографска статија за личност од Германија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- Родени во 1483 година
- Починати во 1546 година
- Никулци за Германци
- Антикатолицизам во Германија
- Антисемитизам
- Преведувачи на Библијата
- Христијански верски водачи
- Основачи на религии
- Англикански светци
- Христијански мистици
- Мартин Лутер
- Протестантска реформација
- Протестанти
- Личности овековечени во споменикот „Валхала“