Сантјаго де Компостела

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сантјаго де Компостела
Santiago de Compostela
Сантјаго де Компостела
Сантјаго де Компостела
Знаме на Сантјаго де Компостела
Знаме
Грб на Сантјаго де Компостела
Грб
Сантјаго де Компостела is located in Шпанија
Сантјаго де Компостела
Сантјаго де Компостела
Координати: 42°52′50″ СГШ; 8°32′47″ ЗГД / 42.880447° СГШ; 8.546303° ЗГД / 42.880447; -8.546303
ДржаваШпанија Шпанија
Автономна заедницаГалиција (Шпанија) Галиција
ПокраинаА Коруња
КомаркаСантјаго
Управа
 • ВидСовет
 • ГрадоначалникАнхел Курас Фернандез (PP)
Површина
 • Вкупна220 км2 (80 ми2)
Надм. вис.&10000000000000260000000260 м
Население (2008)INE
 • Вкупно94.339
 • Густина428,81/км2 (111,060/ми2)
Демонимsantiagués (m), santiaguesa (f)
compostelano (m), compostelana (f)
pichelero (m), pichelera (f)
Часовен појасCET (GMT +1)
 • Лете (DST)CEST (GMT +2) (UTC)
Postcode15700
Повик. бр.+34
ISO 3166-2ES-C
Мреж. местоhttp://www.santiagodecompostela.org

Сантјаго де Компостела (шпански: Santiago de Compostela) — главен град на автономната покраина Галиција во Шпанија. Се наоѓа во северозападна Шпанија, во покраината А Коруња. УНЕСКО во 1985 година, стариот дел од градот го вклулчил во списокот на светско наследство. Во 2000 година градот бил прогласен за град на културата. Градот е седиште на галициската автономна влада. Овде се наоѓа еден од најстарите универзитети во Европа и светот, Универзитет Сантјаго де Компостела.

Во градот се наоѓа истоимената катедрала која е посветена на Апостол Јаков, како последната станица од т.н. Пат кон Сантјаго, којшто започнува од Јужна Франција. Според легендата, Свети апостол Јаков на Пиринејскиот Полуостров го “донел“ христијанството. Во 44 година апостолот бил обезглавен во Ерусалим. Неговите останки подоцна биле донесени во Галиција, Шпанија. По римските прогони на христијаните, неговиот гроб бил напуштен во 3 век. Според легендата, неговиот гроб бил откриен во 814 година.[1] Епископот Теодемир видел чудо над неговиот гроб и веднаш го известил Алфонсо II од Астурија (791-842). Кралот веднаш наредил да се изгради капела на местото на гробот. Во 829 година била изградена првата црква, како и во 899. Кралот Алфонсо бил првиот аџија кој го поминал т.н. Пат до Сантјаго. Во текот на 997 година, црквата била целосно опожарена и уништена од страна на Ал-Мансур Ибн Аби Амир (938-1002), командант на војската на Кордопскиот калифат.

Наводи[уреди | уреди извор]