Мариборски универзитет

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Универзитет во Марибор)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мариборски универзитет
Univerza v Mariboru
UniverzaMaribor.jpg
Виддржавен
Основан1975
КанцеларИгор Тичар
Кадар
12
Административен кадар
1,326
Студенти26,548
МестоМарибор, Словенија
www.um.si/

Мариборски универзитет — втор најголем и втор најстар универзитет во Словенија, по Љубљанскиот универзитет. Седиштето на универзитетот се наоѓа во некогашната градска штедилница на плоштадот „Сломшек“ во Марибор.

Прв ректор на Универзитетот во Марибор е проф. д-р Владимир Брачич. Моментално (од 2015 година) со универзитетот управува проф. д-р Игор Тичар.

Историја[уреди | уреди извор]

Мариборскиот универзитет е основан во 1975 година, а неговите почетоци потекнуваат уште од 1859 година, кога по иницијатива на првиот мариборски епископ Антон Мартин Сломшек била основана Високата богословска школа. Повеќето високи школи, кои станале основа за подоцнежниот универзитет, се оформиле кон крајот на 50-те години и почетокот на 60-те години од XX век. Во 1959 година биле основани Високата комерцијална школа и Високата техничка школа, во 1960 година Високата агрономска школа, Високата правна школа и Високата стоматолошка школа, во 1961 година, пак, Педагошката академија. Тогаш во Марибор започнал да излегува и студентскиот весник Катедра, кој излегувал сѐ до 1994 година. Свеченото прогласување на Мариборскиот универзитет било на 19 септември 1975 година.

Зградата на ректоратот на плоштадот „Сломшек“ била темелно реновирана во периодот од 1995 до 2000 година, според проектот на архитектот Борис Подрека. Заедно со реконструкцијата беше изграден и нов внатрешен двор. Пред зградата се поставиле четири скулптури на значајни личности поврзани со овој регион, кои ја оформуваат т.н. „алеја на великаните“: Фран Миклошич, Матија Мурко, Херман Поточник и Павел Турнер.[1]

Ректори[уреди | уреди извор]

Од оформувањето во 1975 година до денес, Мариборскиот универзитет го воделе 8 ректори, хронолошки:

  • Владимир Брачич (1975-1979),
  • Дали Ѓонлагиќ (1979-1983),
  • Дане Мелауц (1983-1987),
  • Алојз Крижман (1987-1993),
  • Лудвик Топлак (1993-2002),
  • Иван Розман (2003-2011),
  • Данијел Реболј (2011-2015),
  • Игор Тичар (2015-денес).

Членки на универзитетот[уреди | уреди извор]

Седиштето на Универзитетот

Денес Мариборскиот универзитет го сочинуваат 17 факултети:

  • Машински факултет
  • Медицински факултет
  • Педагошки факултет
  • Правен факултет
  • Факултет за безбедносни науки (во Љубљана)
  • Факултет за градежништво, сообраќајно инженерство и архитектура 
  • Факултет за економија и бизнис 
  • Факултет за електротехника, компјутерски науки и информатика
  • Факултет за енергетика
  • Факултет за здравствени науки
  • Факултет за земјоделство и биосистемски науки
  • Факултет за логистика (во Цеље и Кршко)
  • Факултет за организациски науки (во Крањ)
  • Факултет за природни науки и математика
  • Факултет за туризам (во Брежице)
  • Факултет за хемија и хемиска технологија
  • Филозофски факултет

Покрај нив, во составот на универзитетот работат и две придружни членки:

  • Универзитетска библиотека Марибор
  • Студентски домови Марибор

Организациски единици[уреди | уреди извор]

Под универзитетот спаѓаат и:

  • Компјутерски центар на Универзитетот во Марибор
  • Универзитетски спортски центар Леон Штукељ

Наводи[уреди | уреди извор]

Надоворешни врски[уреди | уреди извор]