Умео

Од Википедија — слободната енциклопедија
Умео
Старата градска сала
Старата градска сала
Умео is located in Шведска
Умео
Умео
Координати: 63°49′30″N 20°15′50″E / 63.82500° СГШ; 20.26389° ИГД / 63.82500; 20.26389
Површина
 • Вкупна34,15 км2 (1,319 ми2)
Население (31 декември 2010)
 • Вкупно79,594 (12th in Sweden)
 • Густина2.331/км2 (6,040/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Мреж. местоwww.umea.se

Умео (швед. Umeå) е еден од поголемите градови во Шведска, кој се наоѓа во средиштето на северниот дел на покраината (Норланд). Градот се наоѓа во рамките на Западноботинскиот округ и претставува негово управно седиште и најголем град. Умео истовремено е и седиште на истоимената општина.

Умео, како стопански и културен центар на северна Шведска, е од голема важност за покраината. Градот има универзитет, а во 2014 година ќе биде европска престолнина на културата.

Природни услови[уреди | уреди извор]

Градот Умео се наоѓа во северниот дел на Шведска и Скандинавски Полуостров. Од главниот град на државата, Стокхолм, градот е оддалечен 630км северно.

Релјеф[уреди | уреди извор]

Умео се формирал во областа на Западна Ботанија, во рамките на историската покраина Норланд („северна земја“). Подрачјето на градот е бреговито, а надморската височина се движи од 5-40м.

Клима[уреди | уреди извор]

Климата во Умео е малку поостар облик на континентална клима.

Води[уреди | уреди извор]

Умео се формирал на реката Уме, неколку километри од неговото влевање во Ботниски Залив на Балтичко Море. Реката го дели градот на поголем и стар северен дел и помал и нов јужен дел. Блиското море има добра брегова разгранетост, со бројни острови и заливи. Од друга страна, во внатрешноста постојан бројни леднички езера.

Историја[уреди | уреди извор]

Подрачјето на Умео било населено уште во времето на праисторијата од страна на Лапонци.

Првото постојано населено место на даденото подрачје се јавува во среден век. Првиот извор за населбата е поврзан со 1314 година, кога тука се јавува средиште на парохија. Првите неколку векови населбата било трговско место каде што тргувале претежно Нордијци и Лапонци.

Населбата градските права ги добила во 1622 година од страна на кралот Густав II Адолф.

Во текот на XVIII век градот трипати бил нападнат од Руси, при што Умео страдал. Во 1886 година градот бил зафатен од голем пожар, по што е обновен во правилна ортогонална улична мрежа и градба со камен.

Во втората половина на XIX век, со доаѓањето на индустријата и железниците, Умео доживува преродба. Оваа благосостојба трае и ден-денес.

Население[уреди | уреди извор]

Умео е еден од неколкуте шведски градови со близу 100,000 жители. Градот има околу 80,000 жители (податок од 2010 година), а градското подрачје, т.е. истоимената општина има околу 117,000 жители (податок од 2012 година). Последните децении бројот на анслеението во градот е во постојан пораст.

До срединат ана XX век, Седертелје бил населен со етнички Швеѓани. Меѓутуа, со зголемувањето на доселувањата во Шведска, населението на градот е доста шаренолико.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Денес Умео е современ град со посебно развиена индустрија (автомобилска индустрија, обработка на дрво и производство на мебел). По две децении посебно се развиени трговијата, услугите и туризмот.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Умео според изгледот е млад град, без „вистински“ градски алштат. меѓутоа, градот е место каде со одвиваат бројни културни случувања (фестивал на џез музика), а тука се и бројни културни институции (Северношведска опера, Билдмузет - музеј на современа уметност, Музеј на Западна Ботанија и др.).

Умео има и универзитет - Универзитет на Северна Шведска, освнован во 1956 година.

Галерија[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]