Краков

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Краков
Kraków
Централниот плоштад во Краков
Централниот плоштад во Краков
Официјално знаме на Краков
Знаме
Официјален грб на Краков
Грб
Mестоположба
Mестоположбата на Краков
Краков (црвената точка) на картата на Полска
Координати

Erioll world.svg 50°04′″N, 19°57′″E

Часовен појас
- лето
CET (GMT +1)
CEЛT (GMT +2)
Општи податоци
Име
- изворно
Краков
  Kraków
Прво доселување о. 9 век
Основан 5 јуни, 1257
Поштенски број 30-001 до 31-999
Повикувачки број (+48) 12
Автомобилска ознака KR
Портал krakow.pl
Управа
Земја Flag of Poland (bordered).svg Полска
Војводство Малополско Војводство
Повјат Краков
Гмина Краков
Градоначалник Јацек Мајхровски
Географија
Површина 326,8 km²
Надморска височина 219 m
Население
Население 756 267 (2007)
Густина 2316,84 ж./km² (2007)

Краков (полски: Kraków) е град во јужна Полска, над Висла. По Варшава и Лоѓ трет по големина во Полска според бројот на жители; по Варшава втор по големина според територија; Краков е еден од најстарите градови во Полска, со над илјадагодишна историја, со големо културно и архитектонско значење. Во минатото Краков беше административен центар на Полска и седиште на полските владетели. Краков е главен град на Малополското војводство и историската Малополска.

Централниот полштад во Краков(Rynek)

Градот се наоѓа на спојот на неколку географски територии: Брама Краковска, Сандомиерска котлина, Ошвенчимска котлина и Погуже Западнобескиѕке. Издолжена оска на градот е долината на Висла. Речната мрежа ја сочинуваат Висла, нејзината десна притока Вилга и левите притоки: Рудава, Бјалуха, Длубина, Санка и други.

Денес Краков е повјатски град и седиште на властите на Малополското војводство. Во Kраков се наоѓаат седиштата на институциите како: „Полска Академија на Уметностите“, „Стариот народен театар“, „Народен Музеј“, „Библиотека Јагелонска“ и др. Градот има многу важна административна, културна, образовна, топанствена и туристичка функција. Тој е клучна патна и железничка крстосница. Во близина на Краков се наоѓа втор по големина аеродром (Балице) во Полска со меѓународно значење до кој од градот може да се стигне со помош на железница.

Вавел, краковскиот замок, во минатото седиште на полските кралеви

Име[уреди]

Според легенда, запишана кон крајот на XII век од Кадлубек, името на Краков доаѓа од името на принцот Крак.

Името на градот во други јазици: Cracovia(лат.,шпански,италијански), Krakow (англиски, иако во минатото почесто се употребуваше Cracow), Krakau (германски), Cracovie(француски), Krakkó (унгарски), Краків украински), Krakov (קרקוב еврејски), Kurakufu (јапонски), Kèlākěfū (克拉科夫 кинески), Krakov (чешки и турски).

Македонскиот јазик на Јагелонскиот универзитет[уреди]

Првата катердра по македонски јазик надвор од границите на поранешна Југославија е отворена на Јагелонскиот универзитет во Краков.

Надворешни врски[уреди]