Јагелонска библиотека
Biblioteka Jagiellońska | |
![]() | |
Главниот влез на библиотеката | |
![]() | |
Земја | Полска |
---|---|
Тип | Национална библиотека |
Основана | 1364 |
Место | Краков |
Координати | 50°03′41″N 19°55′25″E / 50.0615°N 19.9236°E |
Фонд | |
Обем | 6,603,824[1] |
Пристап и употреба | |
Обрт | 600,198 in reading rooms and outside |
Други информации | |
Директор | Prof. dr hab. Zdzisław Pietrzyk |
Службена страница | bj.uj.edu.pl |
Карта |
Библиотека Јагелонска (полски: Biblioteka Jagiellońska) — главната библиотека на Јагелонскиот Универзитет која заедно со Медицинската Библиотека Колегиум Медикум и другите помали библиотеки е во состав на информативниот систем на Јагелонскиот Универзитет во Краков. Библиотеката е една од најголемите во Полска.
Библиотечниот фонд изнесува 6,603,824[1]. Библиотката има сопствена колекција на стари ракописи. Задача на библиотеката е и документацијата и средувањето на нелегалните текстови од времето на социјализмот.
Историја
[уреди | уреди извор]
Историјата на библиотеката е директно поврзана со историјата на Јагелонскиот Универзитет, па од таму за датум на нејзино основање се смета 1364 година[2]. До денес се зачувани кодексите користени во XIV век. Долг период даровите од професореите и учениците библиотеката ги собираше во посебни оддели и колегиуми. Најголемиот дел од нив, пред сè од областа на теологијата и слободните уметности, се наоѓање во Колегиум Мајус. Таму исто така по реновирањето во XV и XVI век библиотеката доби посебни соби. До 1940 година зградата Колегиум Мајус беше седиште на Јагелонската Библиотека.
Во XVI фондот на библиотеката постојано се зголемуваше сè до XVII и XVIII век кога се појави криза. На спас на библиотеката и на универзитетот им дојде Хугон Колонтај од Народната Комисија за Образование. По негова иницијатива целиот фонд на библиотеката беше собран на едно место и библиотеката пеше претворена во јавна и универзитетска. Исто така на библиотеката и беше доделена парична помош за одржување на фондот од 1926 ракописи и 32 000 книги во тоа време.
Периодот на поделбата на Полска не беше добар ни за библиотеката. Но и покрај тоа се успеа да се доградат нови простории и да се уреди библиотечниот фонд. Подемот на библиотеката во XIX и XX век е заслуга на Карол Естрајхер, творецот на Полската Библиографија, кој се грижеше пред сè за зголемување на бројот на книги на полски јазик.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Website of the library, „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-07-18. Посетено на 2010-08-20., last accessed August 20, 2010 Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „website“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ Visiting the Biblioteka Jagiellonska (Jagiellonian Library) in Cracow Архивирано на 8 септември 2005 г.. Last accessed on 4 May 2007.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|