Малополско Војводство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Малополско Војводство
Województwo małopolskie
војводство
Знаме на Малополско Војводство
Знаме
Грб на Малополско Војводство
Грб
Местоположба во Полска
Местоположба во Полска
Окрузи во Малополското Војводство
Окрузи во Малополското Војводство
Земја Полска
СедиштеКраков
Окрузи3 градски, 19 земски *
Површина
 • Вкупно15.108 км2 (5,833 ми2)
Население (2014)
 • Вкупно3.406.000
 • Густина230/км2 (600/ми2)
 • Градскo1.619.235
 • Селско1.648.496
Рег. таб.K
Мреж. местоmalopolskie.pl

Малополско Војводство (полски: województwo małopolskie) — војводство во јужна Полска. Зафаќа површина од 15108 км2 и има население од 3.406.000 жители (2014).

Создадено е на 1 јануари 1999 г. од дотогашните војводства Краковско, Тарнувско, Новосонченско и делови од Бјелското, Катовичкото, Келечкото и Кросненското, согласно управната реформа усвоена претходната година. Наречено е по историската област Малополска, иако зафаќа само мал дел од неа. Историската област е значително поголема и се протега многу посеверно, сè до Радом и Шедлце, и опфаќа градови како Сталова Вола, Лублин, Келце, Ченстохова и Сосновјец.

Го опфаќа просторот меѓу Светокришките Планини на север, Краковско-ченстоховската Јура на запад и Татрите, Пјенините и Бескидите на југ. Во управен поглед се граничи со Шлескотото Војводство на запад, Светокришкото Војводство на север, Поткарпатското Војводство на исток и Словачка на југ.

Речиси сета Малополска му припаѓа сливот на реката Висла. Во 2000 г. Краков бил европска престолнина на културата. Градот има патни и железнички врски со Катовице (брз автопат), Варшава, Вроцлав и Жешув. Сместен е на важно минувалиште кое ги вкрстува патиштата од Дрезден за Киев и од Гдањск за Будимпешта. Тука е и вториот по големина аеродром во Полска — „Јован Павле II“.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Стопанството на Малополското Војводство е повеќеделно, и ги опфаќа високата технологија, банкарството, хемиската и металуршката индустрија, рударството, производство на храна и пијалаци и тутунската индустрија. Најундустријализран град е Краков, каде, во Нова Хута, работи големата челичарница „Тадеуш Сенѓимир“ со дури 17.500 вработени. Во западниот дел се наоѓа другиот важен индустриски центар, сместен во околината на Хшанув (производство на локомотиви) и Ошвјенќим (хемиска индустрија). Краковскиот технолошки парк е специјална економска зона. Во војводството се регистрирани речиси 210.000 претпријатија (претежно мали и средни), од кои 234 се државни. До крајот на 2016 г. Малополското Војводство достигнало 18,3 милијарди долари во странски вложувања.

Градови и гратчиња[уреди | уреди извор]

Краков — седиште на војводството.

Војводството има 61 градски населени места, тука наведени по број на жители според состојбата во 2006 година:[1]

  1. Краков (756.757)
  2. Тарнув (117.109)
  3. Нови Сонч (84.594)
  4. Ошвјенќим (40.979)
  5. Хшанув (39.797)
  6. Олкуш (37.552)
  7. Нови Тарг (33.493)
  8. Бохња (29.373)
  9. Горлице (28.539)
  10. Закопане (27.486)
  11. Скавина (23.691)
  12. Андрихов (21.691)
  13. Кенти (19.252)
  14. Вадовице (19.149)
  15. Вјелчка (19.133)
  16. Тшебиња (18.769)
  17. Мишлењице (18.070)
  18. Либјонж (17.604)
  19. Бжеско (16.827)
  20. Лиманова (14.632)
  21. Рабка-Здруј (13.031)
  22. Бжешче (11.730)
  23. Мјехув (11.717)
  24. Домброва Тарновска (11.259)
  25. Крињица-Здруј (11.243)
  26. Буковно (10.695)
  27. Кшешовице (9.942)
  28. Суха Бескиѕка (9.726)
  29. Волбром (9.075)
  30. Хелмек (9.065)
  31. Стари Сонч (8.987)
  32. Њеполомице (8.537)
  33. Мшана Долна (7.529)
  34. Шчавњица (7.334)
  35. Тухув (6.501)
  36. Сулковице (6.305)
  37. Прошовице (6.205)
  38. Добчице (6.028)
  39. Крибув (6.025)
  40. Макув Подхалањски (5.738)
  41. Пивњична-Здруј (5.717)
  42. Јорданув (5.112)
  43. Мушина (4.980)
  44. Бјеч (4.585)
  45. Калварија Зебжидовска (4.503)
  46. Сломњики (4.331)
  47. Жабно (4.271)
  48. Шчуќин (4.069)
  49. Затор (3.726)
  50. Скала (3.693)
  51. Алверња (3.406)
  52. Војњич (3.404)
  53. Бобова (3.018)
  54. Радлув (2.800)
  55. Риглице (2.784)
  56. Нови Вишњич (2.716)
  57. Ќенжковице (2.378)
  58. Чхув (2.207)
  59. Швојнтњики Гурне (2.101)
  60. Нове Бжеско (1.700)
  61. Закличин (1.556)

Управна поделба[уреди | уреди извор]

Малополското Војводство е поделено на 22 окрузи, од кои 3 се градски, а 19 се земски. Тие пак се поделени на вкупно 182 општини.

Име и
изворно име
Површина
(км²)
Население
(2006)
Седиште Други градови Општини
Градски окрузи
Краков
Kraków
327 756.757 1
Нови Сонч
Nowy Sącz
57 84.594 1
Тарнув
Tarnów
72 117.109 1
Земски окрузи
Бжешки
powiat brzeski
590 90.214 Бжеско Чхув 7
Бохењски
powiat bocheński
649 100.382 Бохња Нови Вишњич 9
Вадовички
powiat wadowicki
646 154.304 Вадовице Андрихув, Калварија Зебжидовска 10
Вјелички
powiat wielicki
428 105.266 Вјеличка Њеполомице 5
Горлички
powiat gorlicki
967 106.540 Горлице Бјеч, Бобова 10
Домбровски
powiat dąbrowski
530 58.572 Домброва Тарновска Шчуќин 7
Краковски
powiat krakowski
1.230 244.970 Краков * Скавина, Кшешовице, Сломњики, Скала, Швојнтњики Гурне 17
Лимановски
powiat limanowski
952 121.658 Лиманова Мшана Долна 12
Мишлењички
powiat myślenicki
673 116.793 Мишлењице Сулковице, Добчице 9
Мјехувски
powiat miechowski
677 50.769 Мјехув 7
Новосонченски
powiat nowosądecki
1.550 197.718 Нови Сонч * Крињица-Здруј, Стари Сонч, Грибув, Пивњична-Здруј, Мушина 16
Новотарски
powiat nowotarski
1.475 181.878 Нови Тарг Рабка-Здрух, Шчавњица 14
Олкушки
powiat olkuski
622 114.286 Олкуш Буковно, Волбром 6
Ошвјенќимски
powiat oświęcimski
406 153.390 Ошвјенќим Кенти, Бжешче, Хелмнек, Затор 9
Прошовички
powiat proszowicki
415 43.441 Прошовице Нове Бжеско 6
Сушки
powiat suski
686 82.045 Суха Бескиѕка Макув Подхалањски, Јорданув 9
Тарнувски
powiat tarnowski
1.413 193.549 Тарнув * Тухув, Жабно, Војнич, Радлув, Риглице, Ќенжковице, Закличин 16
Татрански
powiat tatrzański
472 65.393 Закопане 5
Хшанувски
powiat chrzanowski
371 128.103 Хшанув Тшебиња, Либјонж, Алверња 5
* седиштето не е дел од округот

Најчести презимиња[уреди | уреди извор]

  1. Новак: 23.671
  2. Војќик: 13.347
  3. Зајонц: 10.206

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Архивиран примерок". Архивирано од изворникот на May 5, 2008. конс. August 9, 2008. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 49°51′34″N 20°16′29″E / 49.85944° СГШ; 20.27472° ИГД / 49.85944; 20.27472