Лоѓско Војводство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лоѓско Војводство
Województwo łódzkie
војводства
Знаме на Лоѓско Војводство
Знаме
Грб на Лоѓско Војводство
Грб
Местоположба во Полска
Местоположба во Полска
Окрузи во Лоѓското Војводство
Окрузи во Лоѓското Војводство
Земја Полска
СедиштеЛоѓ
Окрузи3 градски,
21 земски*
Површина
 • Вкупно18.219 км2 (7,034 ми2)
Население (2016)
 • Вкупно2.485.323
 • Густина140/км2 (350/ми2)
 • Градскo1.563.595
 • Селска921.728
БДП (номин; 2014)[1]
 • Вкупно25 млј
 • ПГЖ10.000 €
Рег. таб.E
Мреж. местоlodzkie.pl
*понатаму се делат на 177 општини

Лоѓско Војводство (полски: województwo łódzkie) — војводство во средна Полска. Создадено е на 1 јануари 1999 г. од Лоѓското, Шерачкото, Пјотркувското, Скерњевичкото и делумно од Плочкото Војводство, согласно управната реформа донесена претходната година. Зафаќа површина од 18.219 км2.

Се граничи со шест војводства: Мазовското на север и исток, Светокришкото на југоисток, Шлеското на југ, Ополското на југозапад, Големополско на запад и, во мала мера, Кујавско-поморското на север. Неговата територија опфаќа три историски области — Мазовија во источниот, Големополска во западниот и Малополска во југоисточниот дел, во околината на Опочно).

Градови и гратчиња[уреди | уреди извор]

Војводството има 44 градски населени места. Тука се наведени по број на жители според состојбата во 2016 година:[2]

Управна поделба[уреди | уреди извор]

Лоѓското Војводство е поделено на 24 окрузи, од кои 3 се градски, а 21 се земски. Тие пак се поделени на вкупно 177 општини.[2]

Име и
изворно име
Површина
(км²)
Население
(2016)
Седиште Други гратчиња Општини
Градски окрузи
Лоѓ

Łódź

293 696.503 1
Пјотркув Трибуналски

Piotrków Trybunalski

67 74.694 1
Скерњевице

Skierniewice

33 48.327 1
Земски окрузи
Белхатувски
powiat bełchatowski
969 113.004 Белхатув Зелув 8
Бжежински
powiat brzeziński
359 30.912 Бжежини 5
Вјелуњски
powiat wieluński
928 77.238 Вјелуњ 10
Вјерушувски
powiat wieruszowski
576 42.237 Вјерушув 7
Згешки
powiat zgierski
854 165.206 Згеж Озоркув, Александрув Луѕки, Гловно, Стрикув 9
Здуњсковолски
powiat zduńskowolski
369 67.248 Здуњска Вола Шадек 4
Источнолоѓски
powiat łódzki wschodni
499 70.796 Лоѓ * Колушки, Тушин, Рзгув 6
Радомски
powiat radomszczański
1.443 114.336 Радомско Пшедбуж, Камјењск 14
Кутновски
powiat kutnowski
886 98.583 Кутно Жихлин, Крошњевице 11
Ласки
powiat łaski
617 50.285 Ласк 5
Ленчички
powiat łęczycki
774 50.769 Ленчица 8
Ловички
powiat łowicki
987 79.340 Лович 10
Опоченски
powiat opoczyński
1.039 77.203 Опочно Джевица 8
Пабјањички

powiat pabianicki

491 119.299 Пабјањице Константинув Луѕки 7
Пајенчненски
powiat pajęczański
804 52.003 Пајенчно Ѓалошин 8
Пјотркувски
powiat piotrkowski
1.429 93.334 Пјотркув Трибуналски * Сулејув, Волбуж 11
Поддембички
powiat poddębicki
881 41.484 Поддембице Уњејув 6
Равски
powiat rawski
647 49.081 Рава Мазовјецка Бјала Равска 6
Скерњевички
powiat skierniewicki
756 38.198 Скерњевице * 9
Томашувски
powiat tomaszowski
1.026 118.234 Томашув Мазовјецки 11
Шерачки
powiat sieradzki
1,491 119.009 Шераѕ Злочев, Варта, Блашки 11
* седиштето не е дел од округот

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 51°36′43″N 19°25′26″E / 51.61194° СГШ; 19.42389° ИГД / 51.61194; 19.42389