Лублинско Војводство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лублинско Војводство
Województwo lubelskie
војводство
Знаме на Лублинско Војводство
Знаме
Грб на Лублинско Војводство
Грб
Гесло: Smakuj życie! (Вкуси го животот!)
Местоположба во Полска
Местоположба во Полска
Окрузи во Лублинското Војводство
Окрузи во Лублинското Војводство
Земја  Полска
Седиште Лублин
Окрузи 4 градски, 20 земски *
Површина
 • Вкупно 25.155 km2 (9,712 sq mi)
Население (2016)
 • Вкупно 2.133.340
 • Густина 85/km2 (220/sq mi)
 • Градскo 992.003
 • Селско 1.141.337
Рег. таб. L
Мреж. место http://www.lubelskie.pl/

Лублинско Војводство (полски: województwo lubelskie) — војводство во југоисточна Полска. Создадено е на 1 јануари 1999 г. од дотогашните војводства Лублинско, Хелмско, Замошко, Бјалоподласко и (делумно) Тарнобжешко и Шедлечко, согласно управните реформи усвоени претходната година. Наречена е по градот Лублин, за ја зафаќа територија на четири историски краишта: Малополска во западниот, Црвена Русија во источниот и Полесје и Подласје во североисточниот дел.

Се граничи со следниве војводства: Поткарпатското на југ, Светокришкото на југозапад, Мазовското на запад и север, Подлаското (во мала мера) на север и Белорусија и Украина на исток. Во 2019 г. војводството имало 2.133.340 жители[1]. Зафаќа површина од 25.155 км2, приближно колку територијата на Република Македонија.

Градови и гратчиња[уреди | уреди извор]

Стариот дел на Лублин.
Стариот град на Замошќ — светско наследство на УНЕСКО.
Раѓивилскиот дворец во Бјала Подласка.
Чарторискиот дворец во Пулави.
Поточкиот дворец во Мјенѕижец Подласки.
Гратчето Кажимјеж Долни — историски споменик на Полска.

Војводството има 42 градски населени места. Тука се наведени по број на жители според состојбата во 2006 година:[2]

Управна поделба[уреди | уреди извор]

Лублинското Војводство е поделено на 24 окрузи, од кои 4 се градски, а 20 се земски. Тие пак се поделени на вкупно 213 општини.

Име и
изворно име
Површина
(км2)
Население
(2006)
Седиште Други гратчиња Општини
Градски окрузи
Бјала Подласка
Biała Podlaska
49 58.010 1
Замошќ
Zamość
30 66.613 1
Лублин
Lublin
147 354.272 1
Хелм
Chełm
35 67.989 1
Земски окрузи
Билгорајски
powiat biłgorajski
1.678 104.267 Билгорај Тарногруд, Јузефув, Фрампол 14
Бјалски
powiat bialski
2.754 113.764 Бјала Подласка * Мјенѕижец Подласки, Тереспол 19
Влодавски
powiat włodawski
1.256 40.052 Влодава 8
Замошки
powiat zamojski
1.872 110.225 Замошќ * Шчебжешин, Звјежињец, Краснобруд 15
Јанувски
powiat janowski
875 47.875 Јанув Лубелски 7
Красниставски
powiat krasnostawski
1.067 69.274 Краснистав 10
Крашњички
powiat kraśnicki
1.005 99.770 Крашњик Анопол 10
Ленчински
powiat łęczyński
634 57.314 Ленчна 6
Лукувски
powiat łukowski
1.394 108.393 Лукув Сточек Луковски 11
Лубартувски
powiat lubartowski
1.290 90.484 Лубартув Коцк, Острув Лубелски 13
Лублински
powiat lubelski
1.679 140.562 Лублин * Белжице, Бихава 16
Ополски
powiat opolski
804 63.026 Ополе Лубелске Поњатова 7
Парчевски
powiat parczewski
953 36.512 Парчев 7
Пулавски
powiat puławski
933 116.829 Пулави Наленчув, Кажимјеж Долни 11
Раѕињски
powiat radzyński
965 61.445 Раѕињ Подласки 8
Рички
powiat rycki
616 59.129 Рики Демблин 6
Томашувски
powiat tomaszowski
1.487 88.343 Томашув Лубелски Тишовце, Лашчув 13
Хелмски
powiat chełmski
1.780 79.991 Хелм * Рејовјец Фабрични 15
Хрубјешувски
powiat hrubieszowski
1.269 68.822 Хрубјешув 8
Швидњички
powiat świdnicki
469 72.290 Швидњик Пјаски 5
* седиштето не е дел од округот

Најчести презимиња[уреди | уреди извор]

  1. Вујќик: 12.937 лица
  2. Мазурек: 9.644 лица
  3. Мазур: 8.019 лица

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]