Пулави

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пулави
Чарториски
Чарториски
Знаме на ПулавиГрб на Пулави
Пулави is located in Полска
Пулави
Пулави
Координати: 51°25′N 21°58′E / 51.417° СГШ; 21.967° ИГД / 51.417; 21.967
Земја Полска
ВојводствоЛублинско
ОкругПулавски
ОпштинаПулави
Основање16 век
Како град од1906
Управа
 • ГрадоначалникЈануж Гробел
Површина
 • Вкупна50,49 км2 (1,949 ми2)
Надм. вис.&10000000000000115000000115 м
Население (2006)
 • Вкупно49.839
 • Густина9,9/км2 (26/ми2)
Поштенски код24-100 to 24-112
Повик. бр.+48 081
Регистарски  табличкиLPU
Мреж. местоhttp://www.um.pulawy.pl

Пулави (полски: Puławy — град кој се наоѓа во Полска, во Лублинското Војводство, со население од 50,112 жители според податоци од 2009 година. Пулави е седиште на Пулавскиот Округ.

Градот за првпат се споменува во документите во 15 век. Градот е локален центар на науката, индустријата и туризмот и пристаниште на реката Висла. Градот има два моста, четири железнички станици. Во близина на градот се наоѓа аеродром. Пулави има неколку спортски клубови, но најпознати се Висла Пулави (фудбал, пливање, атлетика, кревање тежина), а Азоти (ракомет).

Историја[уреди | уреди извор]

Историјата на Пулави датира од 15 век, кога била основана населба во близина на реката Висла. Во доцниот 17 век се појавил како локација на руралната резиденција на династија Лубомирски и Сианијавски и во 1676-1679, принцот Станислав Лубомирски ја изградил летната палата. Во 1687 година, неговата ќерка Елизабета се оженила со Адам Миколај Сиенијавски, каде започнале да живеат. Во 1706, за време на Големата северна војна, населбата заедно со замокот биле уништени од страна на шведските војници.

Во 1731 година, Марија, ќерката на Елизабета и Адам, се оженила за Александар Чарториски. Како резултат на тоа, Пулави останал во рацете на семејството Чарториски за следните 100 години. Населбата со текот на времето започнала да се развива. Во 1784 година станала сопственост на принцот Адам Чарториски и неговата сопруга Изабела Чарториска. Под нивно управување, и после губењето на независноста на Полска во 1795 година, палатата станала музеј на полски национални сувенири и главен културен и политички центар. Во 1784 Адам и Изабела се преселиле трајно во палатата, а наскоро потоа Пулави станал познат како полската Атина. Сите големи културни дејци од крајот на XVIII век од Полска биле во посета на палатата. Во 1794 година, за време на Косчушковското востание, Пулави бил ограбен и изгорен од страна на Русите како казна за поддршка на семејството Чарториски на бунтовниците. Реконструкцијата на палатата била иницирана во 1796 од страна на принцезата Изабела. Во 1801 година, принцезата го отворила првиот музеј во Полска, наречен Храм на Сибила. Во 1830 година, семејството Чарториски било принудено да ја напушти Русија по кое градот станал едно мало провинциско село. Во 1842 година, за да се избришат трагите на полската култура, Русите го преименувале Пулави во Нова Александрија. Во 1869 година бил основан земјоделски институт. Еден од неговите први ученици бил иднииот полски писател Болеслав Прус (кој исто така имал поминато дел од неговото рано детство во Пулави).

20 век[уреди | уреди извор]

Пулави добил градски права во 1906 година. Во 1915 година, тој бил окупиран од страна на Австроунгарската армија, која останала во градот до ноември 1918 година. На 13 август 1920 година, Јозеф Пилсудски, претседател на Полска, ја напуштил Варшава, и воспоставил воен штаб во Пулави. На 18 август 1920 година, полската армија започнала контра-напад од Пулави по кое следувала победа над советските сили кои имале 177.000 војници.

За време на Втората Република Полска, Пулави започнал бавен процес на модернизација. Во 1934 година, градот значително се зголемил во големина кога неколку локални села се споиле со него. Во септември 1939 година, Пулави беше окупиран од страна на Вермахтот. Во текот на Втората светска војна, три германските концентрациони логори оперирале околу Пулави. Еврејска популација од околу 3.600 во градот за првпат била затворена во гето, а потоа депортирани и погубени во логорот Собибор. Градот останал под германска окупација до 25 јули 1944 година, кога бил ослободен од страна на Домот на Армијата, како и на Црвената армија.

Во 1960-тите години од страна на комунистичката влада било издадено решение за изградба на голема хемиска фабрика во северниот дел на градот. Таа била отворена во 1966 година. Како резултат на тоа, во 1960-тите и 1970-тите Пулави брзо се зголемил во големина. Неодамна фабриката станала најголем производител на меламин во светот. Во 1980 и 1981 година, Пулави бил еден од најголемите центри на движењето Солидарност во регионот Лублин. По прогласување на воена состојба во Полска (13 декември 1981), штрајкот бил инициран во фабриката, каде по крајот 20 лица биле уапсени.

Географија[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа во историскиот регион Мала Полскам покрај десниот брег на реката Висла на 47 килиметри од Лублин и на 60 километри од Радом. Претходно, градот бил познат како Нова Александрија.

Население[уреди | уреди извор]

Образование[уреди | уреди извор]

Од почетокот на XX век, Пулави е центар на високото образование. Меѓу институциите што работат тука се:

  • Институт за наука на почвата и одгледување на растенијата, отворен во 1950 година,
  • Национален ветеринарен институт за истражување, отворен во 1945 година,
  • Военнститут за хигиена и епидемиологија,
  • Институтот за истражување на помологија и цвеќарство,
  • Институтот за истражување на ѓубрива,

Познати градби[уреди | уреди извор]

  • Храмот на Сибила
  • Црквата „Вознесение“
  • Палата Маринка
  • Романова порта
  • Жолта куќа
  • Мермерен саркофаг

Личности[уреди | уреди извор]

  • Кристијан Ајгнер - архитект
  • Адам фон Вуртемберг - руски генерал
  • Маријан Опанја - глумец
  • Беата Шиманска – писателка

Збратимени градови[уреди | уреди извор]