Вермахт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Вермахт
Вооружени сили на Третиот Рајх
Balkenkreuz.svg
Грбот на Вермахт,
Активна 1935–45[1]
Земја  Трет Рајх
Припадност Адолф Хитлер
Род Армија
Морнарица
Воздухопловни сили
Улога Вооружени сили на Третиот Рајх
Големина 18,200,000
Бои Feldgrau
Битки Шпанска граѓанска војна
Втора светска војна
Одликувања See
Команданти
Истакнати
команданти
Херман Геринг
Вилхелм Кајтел
Алфред Јодл
Ерих Редер
Карл Дениц
Хајнц Гудеријан
Ервин Ромел
Ерих фон Манштајн
Герд фон Рундштет
Обележја
Знак Балкенкројц
Знак Свастика

Вермахт (германски: Wehrmacht, во превод „одбранбени сили“) — обединетите вооружени сили на Нацистичка Германија во периодот од 1935 до 1946 година. Вермахтот се состоел од Армија (германски: Heer), Морнарица (германски: Kriegsmarine) и Воздухопловни сили (германски: Luftwaffe)[2]. Терминот Вермахт го заменил претходниот во употреба термин Рајхсвер, кој се употребувал за време на Вајмарската Република. Вермахтот бил резултат на напорите на Третиот Рајх да се вооружи во поголема мера од дозволеното според Версајскиот договор[3].

По нацистичкото одземање на власта во 1933 година, еден од најобичните и храбри потези на Адолф Хитлер бил да се воспостави Вермахт, модерна вооружена сила, целосно способна за воинствени акции. Исполнувањето на долгорочните цели на нацистичкиот режим за враќање на изгубената територија и доминација довело до повторно враќање на регрутацијата и масивни инвестиции и трошоци во областа на вооружената индустрија[4]. Во декември 1941 година, Хитлер се прогласил за главен командант на Вермахтот[5].

Вермахтот го создало срцето на германската политичко-воена сила. Во раниот дел од Втората светска војна, генералите на Хитлер успешно го користеле блицкриг, иновативна тактика со комбинирано оружје. Новата воена структура преку уникатните борбени техники, новото развиеното оружје и брзината и бруталноста без преседан ги поразувале слободно нивните противници[6]. [8]

Тесно соработувајќи со Шуцштафел (особено на Источниот фронт), германските вооружени сили извршиле бројни воени злосторства , и покрај подоцнежните негирања[7]. До крајот на војната во Европа во мај 1945 година, Вермахтот изгубил околу 11.300.000 војници[8], од кои околу половина од нив биле исчезнати или убиени за време на војната. Само неколку од горните раководства на Вермахтот биле судени за воени злосторства, и покрај доказите што укажувале на тоа дека повеќето од нив биле вклучени во нелегални активности[9].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Müller 2016, стр. 1.
  2. Die Verfassungen in Deutschland [German Constitution] online. Reichsgesetzblatt (RGB). RGB1 1935, I, no. 52, p. 609 See: http://www.verfassungen.de/de/de33-45/Wehrmachtaufbau35.htm
  3. Taylor, Telford. Sword and Swastika: Generals and Nazis in the Third Reich, pp. 90–119.
  4. See: "The Economics of Warfare: from Blitzkrieg to Total War," in Kitchen, Martin (1994). Nazi Germany at War, pp. 39–65.
  5. Williamson, David G. (2002). The Third Reich, p. 178.
  6. Palmer, Michael (2010). The German Wars: A Concise History, 1859–1945, pp. 169–175.
  7. Hartmann 2013, стр. 85–108.
  8. Fritz 2011, стр. 470.
  9. See: "The Legend of the Wehrmacht's Clean Hands," in Wette, Wolfram (2007). The Wehrmacht: History, Myth, Reality, pp. 195–250.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]