За време на Нирнбершкиот процес прогласен е за виновен за два од три обвинителни акти и е осуден на казна затвор од 10 години. Казната ја издржува во затворот Шпандау во Западен Берлин. По напуштање на затворот во 1956 година се сместува во селото Аумјуле, близу Хамбург, каде и умира од срцев удар на 89 годишна возраст.
Карл Дениц е роден во Гринау кај Берлин на 16 септември1891 година. Татко му бил инженер по оптика во фирмата „Карл Цајс“. Завршува гимназија во 1910 година во Вајмар. Школувањето го продолжува во воено-поморските школи во Кил и Мирвик. Од 1 април1910 година до 31 март1911 година стажира на крстосувачот „Херта“. На 1 октомври1912 година официјално стапува во воената морнарица на Германија на лесниот крстосувач Бреслав. Пред почетокот на Првата светска војна лесниот крстосувач „Бреслав“ и воениот крстосувач „Гебен“ биле пратени на Средоземното Море каде што формирале германска Средоземна флота.