Нирнбершки процес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Националсоцијализам
Кукест крст

Нирнбершки процес (или Нирнбершки судења) е називот за последователните судења на истакнати членови на политичкото, военото и економското водство на Третиот рајх. Судењата биле одржани во градот Нирнберг, Германија, од 1945 до 1949, во Нирнбершката палата на правдата. Првото и најпознатото од овие судења е Судењето на главните воени злосторници на меѓународниот воен трибунал, коешто судело 24 лица од најважните заробени водачи во Нацистичка Германија.

Почетоци[уреди | уреди извор]

Меѓународниот воен трибунал имал интересни почетоци. Прашањето за решавањето на проблемот со нацистичките воени злостори се појавиле уште во 1942 година, кога Винстон Черчил предложил погубување на злосторниците според посебен закон и преку кратка постапка, од што се откажал под притисок на САД.

На Техеранската конференција, Сталин дал уште поригорозен предлог за неселективно стрелање на педесет до сто илјади германски офицери. Овој пат, и самиот Черчил се спротиставил на стреалњето на офицерите кои немале учество во злосторствата. Секретарот на трезорот на САД, Хенри Моргентау предложил план за целосна денацификација на Германија, познат како „Планот Моргентау“. Планот предлагал деиндустријализација на Германија, принудна работа и слични драстични мерки, слични на оние што самите нацисти ги планирале за Источна Европа. И Черчил и Рузвелт го поддржувале овој план и се обиделе да добијат одобрение на Квебешката конференција во септември 1944. Овој пат, СССР се спротиставил, барајќи судски процес.

По преговорите на конференциите во Техеран, Јалта и Потсдам, идното судење било регулирано со Лондонскиот договор од 8 август 1945. Списокот на идните обвиненици бил ограничен на поголеми воени злосторства на европските Сили на оската. Судењата започнале на 20 ноември 1945, во Нирнберг.

Обвинети и пресуди[уреди | уреди извор]

Геринг и Хес за време на судењето

Пред меѓународниот воен трибунал биле обвинети 24 лица и 6 организации. Обвиненијата биле различни, но сите биле обвинети за некои или за сите од следниве четири кривични дела:

  1. Учество во заеднички план или завера за спроведување на злосторства против мирот.
  2. Планирање, започнување и водење на агресорски војни и други злосторства против мирот.
  3. Воени злосторства.
  4. Злосторства против човештвото.

24-те обвинети биле:

(Легенда: „О“ - обвинет; „В“ - обвинет и прогласен за виновен; „º “ - необвинет)

Име   Обвинение Казна     Забелешки
  1     2     3     4        
Bundesarchiv Bild 146-1968-100-21A, Martin Bormann.jpg

Мартин Борман
О º В В Смрт Наследник на Хес како секретар на Нацистичката партија. Осуден на смрт во отсуство, најден е во 1972 година.1 Archived 2006-12-31 на Wayback Machine
Karl Dönitz.jpg

Карл Дениц
О В В º 10 години Заповедник на воената морнарица (Kriegsmarine). Станал претседател на Германија по смртта на Хитлер.2 Archived 2012-08-19 на Wayback Machine
Ac.frank.jpg

Ханс Франк
О º В В Смрт Началник на генералната управа во окупирана Полска. Искажал каење.3 Archived 2006-11-17 на Wayback Machine
Wilhelm Frick 72-919.jpg

Вилхелм Фрик
О В В В Смрт Министер за внатрешни работи. Ги издал нирнбершките расни закони.4 Archived 2006-12-31 на Wayback Machine
Hans Fritzsche12.jpg

Ханс Фриче
О О О º Ослободен Популарен радио коментатор и глава на одделот за вести во министерството за пропаганда.5 Archived 2006-12-31 на Wayback Machine
Waltherfunk45.jpg

Валтер Функ
О В В В Доживотен затвор Министер за економија. Ослободен заради лошо здравје на 16 мај 1957 година.6 Archived 2007-01-04 на Wayback Machine
Goeringcaptivity.jpg

Херман Геринг
В В В В Смрт Рајхсмаршал, командант на Луфтвафе и неколку одделенија на СС. Извршил самоубиство ноќта пред извршувањето на смртната казна.7 Archived 2007-01-04 на Wayback Machine
Rudolf Hess - extracto.jpg
Рудолф Хес
В В О О Доживотен затвор Заменик на Хитлер. Со авион прелетал во Шкотска во 1941 година во обид да склучи мир со Велика Британија. По судењето, бил затворен во затворот Шпандау. Починал во 1987 година.8 Archived 2006-12-21 на Wayback Machine
Alfred-jodl-72-926.jpg

Алфред Јодл

В В В В Смрт Генералоберст на Вермахтот, потчинет на Кајтел. На 28 февруари 1953, посмртно е ослободен од вина од германскиот суд за денацификација.9 Archived 2006-12-01 на Wayback Machine
Ernst-Kaltenbrunner-72-916.jpg

Ернст Калтенбрунер

О º В В Смрт Највисок преживеан водач во СС. Шеф на RSHA, централниот разузнавачки орган на нацистите. Управувал со многу одреди на Ајнзацгрупен и неколку концентрациони логори.10 Archived 2007-01-03 на Wayback Machine
Bundesarchiv Bild 183-H30220, Wilhelm Keitel.jpg
Вилхелм Кајтел
В В В В Смрт Главен заповедник на Врховната команда на Вермахтот (Oberkommando der Wehrmacht, OKW)11 Archived 2006-12-20 на Wayback Machine
Bundesarchiv Bild 102-12331, Gustav Krupp von Bohlen und Halbach.jpg

Густав Круп фон Болен унд Халбах
О О О О ---- Голем нацистички индустријалец. Здравствено неспособен за судење.
Bundesarchiv Bild 183-2008-0922-501, Robert Ley.jpg

Роберт Лај
О О О О ---- Глава на ДАФ. Извршил самоубиство на 25 октомври 1945 година, пред почетокот на судењето.
Konstantin von Neurath crop.jpg

Барон Константин фон Нојрат

В В В В 15 години Министер за надворешни работи до 1938 година, наследен од Рибентроп. Подоцна, Заштитник на Бохемија и Моравија. Дал оставка во 1943, заради несогласување со Хитлер. Ослободен е заради лошо здравје на 6 ноември 1954 година.12 Archived 2007-01-03 на Wayback Machine
Vonpapen1.jpg

Франц фон Папен

О О º º Ослободен Канцелар на Германија во 1932 година и вице-канцелар под Хитлер во 1933-34 година. Амбасадор во Австрија (1934-38) и амбасадор во Турција (1939-44). Иако бил ослободен во Нирнберг, во 1947 е осуден како воен злосторник од германскиот денацификациски суд на осум години тешка работа. Бил ослободен две години подоцна, по жалба.13 Archived 2007-01-03 на Wayback Machine
Erich Raeder.jpg

Ерих Редер

В В В º Доживотен затвор Заповедник на воената морнарица (Kriegsmarine) 14 Archived 2007-01-03 на Wayback Machine
GERibbentrop.jpg

Јоаким фон Рибентроп

В В В В Смрт Министер за надворешни работи од 1938 до 1945 година.15 Archived 2006-12-11 на Wayback Machine
Bundesarchiv Bild 183-1985-0723-500, Alfred Rosenberg.jpg

Алфред Розенберг
В В В В Смрт Главен идеолог на расната теорија. Подоцна, заштитник на источните окупирани територии од 1941 до 1945.16 Archived 2007-01-01 на Wayback Machine
Fritz Sauckel.jpg

Фриц Заукел
О О В В Смрт Главен идеолог на нацистичката теорија за ропска работа.17 Archived 2007-01-03 на Wayback Machine
HSchacht.jpg

Др. Хјалмар Шахт
О О º º Ослободен Истакнат банкар и стопанственик. Предвоен претседател на Рајхсбанката (Reichsbank) и министер за економија. Признал дека го прекршил Версајскиот договор.18 Archived 2007-01-03 на Wayback Machine
Joachim von Ribbentrop and Baldur von Schirach crop.jpg

Балдур фон Ширах
О º º В 20 години Глава на Хитлеровата младина (Hitlerjugend) од 1933 до 1940 година, регионален водач на Виена од 1940 до 1943 година. Изразил каење.19 Archived 2006-12-31 на Wayback Machine
Inquart crop.jpg

Артур Зајс-Инкварт
О В В В Смрт Работел на Аншлусот и кратко бил канцелар на Австрија во 1938 година. Изразил каење.20 Archived 2011-11-04 на Wayback Machine
Albert-Speer-72-929.jpg

Алберт Шпер
О О В В 20 години Омилен архитект на Хитлер и личен пријател, и министер за вооружување од 1942 година. Бил одговорен за искористувањето на ропската работа од окупираните територии за производство на оружје. Изразил каење.21 Archived 2007-01-02 на Wayback Machine
Julius Streicher.gif

Јулиус Штрајхер
О º º В Смрт Регионален водач на Франконија од 1922 до 1945 година. Ширел омраза и убивање на Евреите преку неговиот неделен весник, Дер Штурмер (Der Stürmer).22 Archived 2007-01-01 на Wayback Machine

Француските судии предлагале смртните казни да се извршуваат со стрелање, бидејќи тоа била пракса на воените трибунали, но Бидл и советските судии се спротиставиле. Тие сметале дека овие лица ги прекршиле сите воени етички правила и дека не се достојни за стрелачки вод, така што е утврдено смртните казни да се извршуваат со бесење.

Осудените на временски казни ги издржувале казните во затворот Шпандау во Берлин.

Од организациите обвинети се:

  • Раководството на НСДАП (Reichsregierung)
  • СС (Schutzstaffel, SS)
  • СД (Sicherheitsdienst, SD)
  • Гестапо
  • СА (Sturmabteilung, SA)
  • Врховната команда на Вермахтот (германската армија) (Oberkommando der Wehrmacht, OKW).

Од овие организации, за невини се прогласени Раководството на НСДАП, Врховната команда на Вермахтот, СА (бидејќи најголемиот дел од злосторствата се случиле пред почетокот на војната и не биле истражувани) и дел од СС, познат како Рајтер-СС (Reiter-SS).