Канцелар

Од Википедија — слободната енциклопедија

Овој серијал е дел од
темата „Политика

Системи

Портал „Политика“


Канцелар (латински: cancellarius) е службена титула користена од повеќето народи чија цивилизација се издигнала директно или индиректно од Римското Царство. Во различни периоди и во различни земји, поимот означувал разни должности и бил носен од службениции со разни рангови. Многу влади имаат канцелар кој служи како некој вид на министер. Во разни влади, канцеларот има различна функција. Изворните канцелари биле оние во римските судови на правда - функционери кои седеле на „канцелите“ во базилика или судница, коишто ги одделувале судијата и поротата од гледачите.

Австрија[уреди | уреди извор]

Канцеларот на Австрија (Bundeskanzler, Бундесканцелар) е титулата на претседателот на владата на Австрија. Во австриската политика, позицијата на какцеларот е речиси иста како онаа на премиерот.

Бразил[уреди | уреди извор]

Канцеларот на Бразил е министерот за надворешни работи, чија канцеларија се наоѓа во палатата на министерството за надворешни работи.

Кина[уреди | уреди извор]

Канцелар на Кина бил втор највисок ранг по Царот на Кина.

Колумбија[уреди | уреди извор]

Во Колумбија, канцеларот е министер за надворешни работи.

Данска[уреди | уреди извор]

Титулата канцелар (или кралски канцелар) веројатно се појавила во 12 век во Данска и до 1660 ја означувала титулата глава на државната администрација (којашто често се занимавала со надворешна политика). Често изгледало како канцеларот да е вистинскиот претседател на владата. Од 1660 до 1848 титулата продолжила како „Голем канцелар“ или „претседател на данското канцеларство“ и била заменета со титулата „министер за внатрешни работи“.

Египет[уреди | уреди извор]

Постоеле две древноегипетски титули коишто можат да се преведат како канцелар. Првата е титулата на човекот со функцијата на удирање печати (xtmtj-bity или xtmw-bity), титула од Првата династија (околу 3000 г.п.н.е.). Меѓу другите со оваа титула се и Имхотеп и Хемака.

Другата титула што може да се преведе како канцелар е „држачот на кралскиот печат“ (или чувар на печатот - imy-r xtmt).

Првата титула означувала ранг во кралскиот суд, а втората била одговорна за државните приходи. Оваа позиција се појавила околу 2000 п.н.е.)

Естонија[уреди | уреди извор]

Во Естонија, канцеларот на правдата (Õiguskantsler или Allar Jõks) ја надгледува легалноста на работата на владата и спроведувањето на основните граѓански слободи.

Финска[уреди | уреди извор]

Во Финска канцеларот за правда (Oikeuskansleri, Justitiekanslern) ја надгледува легалноста на работата на владата и спроведувањето на основните граѓански слободи. За оваа посебна функција, канцеларот исто така седи во финскиот кабинет, Финскиот државен совет.

Франција[уреди | уреди извор]

Со векови кралот на Франција назначувал канцелар (Chancelier de France, канцелар на Франција, Голем гралски офицер), како титула со функција чувар на печатите. Канцеларот бил одговорен и за некои судски постапки. За време на владеењето на Луј XVIII, Шарл X и Луј Филип, канцеларот на Франција бил претседател на Комората на перови, горниот дом и кралскиот француски парламент.

Германија[уреди | уреди извор]

Како и во Австрија, канцеларот на Германија (Bundeskanzler; женска форма - Bundeskanzlerin) е титулата на претседателот на владата на Германија. Во германската политика, позицијата на канцеларот е речиси иста со онаа на премиерот и е бирана од Бундестагот (германскиот парламент) на секои четири години.

По обединувањето на Германија, во 1871 година, канцеларот на царството (Reichskanzler) служел не само како претседател на владата, туку и како претседател на Бундесратот, горниот дом на германскиот царски парламент. По оставката на царот Вилхелм II во 1918, германскиот канцелар повеќе не претседателствувал со горниот дом, но бил претседател на владата на републиката.

Адолф Хитлер бил назначен за канцелар во 1933 од страна на претседателот Хинденбург. На 23 март, 1933, по пожарот во Рајхстагот, парламентот го одобрил „овластувачкиот акт“ којшто му дал на Хитлер легално право да донесува закони без одобрение и знаење на парламентот: станал легален диктатор. Хитлер бил канцелар и претседател на Германија и се викал Фирер и Рајхканцелар (Führer und Reichskanzler, водач и царски канцелар) по смртта на Хинденбург во 1934.

По поразот на Нацистичка Германија и создавањето на новата федерална република во 1949, канцеларството ја сменило улогата во онаа диктирана од основните закони. Се разликува од канцеларството на Вајмарска Германија главно во тоа што не се назначува од претседателот, туку преку мнозинство во парламентарно гласање.

Литванија[уреди | уреди извор]

Види кај Полска подолу.

Јапонија[уреди | уреди извор]

Даижо Даижин (太政大臣) или канцелар на кралството бил претседателот на Даижо-кан или стејт департментот (нешто како министерство за надворешни работи) во Хејанска Јапонија и мал период за време на уставот на Мејџи.

Малезија[уреди | уреди извор]

Во Малезија, позицијата на канцелар ја добиваат кралски благородници или докажани политичари од универзитетите за да ги претставуваат универзитетите во политичката арена. Неодамна, универзитетот УЦСИ од Куала Лумпур го назначила Д-р Абдул Рахман Аршад за свој прв канцелар.

Полска[уреди | уреди извор]

Во Кралството Полска од 14 век имало кралски канцелар. Во Полско-Литванската република (1569-1795), четирите канцелари биле меѓу десетте највисоки функционери во државата. Полска и Литванија имале посебен главен канцелар и заменик канцелар, секој назначен за сенатор, одговорен за работата во целото кралство, секој со своја канцеларија.

Русија[уреди | уреди извор]

Во Руското Царство, канцеларот бил со највисок ранг за граѓанска служба, на исто ниво како маршал и генерал-адмирал. Само најистакнатите владини функционери биле унапредени до овој ранг, како што биле министрите за надворешни работи Александар Горчаков и Алексеј Петрович Бестужев-Румин.

Шпанија[уреди | уреди извор]

Шпанскиот збор „кансиљер“ (canciller) е соодветен збор за канцелар. Но во Шпанија овој израз се однесува на граѓански службеник одговорен за технички проблеми во врска со надворешните работи. Канцеларите работат во амбасадите и козулатите на Шпанија. Во другите земји каде што се зборува на шпански се користи изразот кансиљер за министер за надворешни работи.

Шведска[уреди | уреди извор]

Во Шведска, канцеларот за правда (Justitiekanslern) е главен солиситор на шведската влада. Оваа титула започнала со кралот Карл XII Шведски во 1713. Исто така постоел и висок канцелар (Rikskansler) како највисок член на судот на Шведска. Покрај ова, постои и универзитетски канцелар (Universitetskansler), кој е главен на Националната агенција за вишо образование.

Швајцарија[уреди | уреди извор]

Во Швајцарија, федерален канцелар (Bundeskanzler, Chancelier fédéral, Cancelliere della Confederazione) се бира од швајцарскиот парламент. Тој е главен на федералното канцеларство, главата на седумчлениот федерален извршен суд, односно на швајцарската влада. Канцеларот учествува во сите собири на седумте федерални советници и ги подготвува извештаите за полисата и активностите на советот на парламентот. Канцеларството е одговорно за донесувањето на сите федерални закони.

Обединето Кралство[уреди | уреди извор]

Во Обединетото Кралство, неколку министри држат места коишто во името го содржат зборот канцелар.

  • Главниот канцелар држи една од најстарите функции во државата, којашто датира од Кралството Англија, постара од самиот парламент. Теоретски, главниот канцелар е канцеларот на Велика Британија; порано постоело канцеларство на Ирска коешто било укинато во 1922, кога цела Ирска освен Северна Ирска го напуштила Обединетото Кралство. Главниот канцелар, втората највисока некралска функција има повеќечлена улога:
    • Главниот канцелар бил глава на англиското, но не и шкотското, судство. Пред тоа, главниот канцелар бил единствениот судија во канцеларскиот суд. Бидејќи тој суд бил комбиниран со други за да се формира Високиот суд, главниот канцелар служел како глава на канцеларството, но таа улога била префрлена на вице-канцеларот. Главниот канцелар исто така можел да учествува на судски седници. Моментален главен канцелар е Лорд Фалконер од Торотон.
    • Министер за правда.
  • Канцелар на буџетот, министерот со целосна одговорност за буџетот. И оваа титула е дамнешна и датира од Кралството Англија. Грубо споредено, соодветствува на министер за финансии или секретар за буџетот.
  • Канцелар на Војводството Ланкастер, исто така древна титула. Одговорен е за Војводството Ланкастер, англиско војводство коешто припаѓа на кралството, но историски останало одвоено од остатокот од кралството.

САД[уреди | уреди извор]

Во САД, единствениот канцелар наименуван од федералната влада е канцеларот на Смитстонскиот Институт, незначајна функција држена од шефот на правдата на САД.