Карл XII

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Карл XII Вителсбах
Karl XII
Крал
Портет на Карл XII
Владеење5 април, 196730 ноември, 1718 (регент до ноември 1697)
Крунисување14 декември, 1967
ПочивалиштеСтокхолм, 26 февруари, 1719
ПретходникКарл XI
НаследникУлрика Елеонора
ДинастијаВителсбаховци
ТаткоКарл XI

Карл XII (шведски: Karl XII) Вителсбах, нарекуван и Северниот Александар, бил крал на Шведска од 1697 до неговата смрт во 1718 година. Од Османлиите е нарекуван Демирбаш Шарл (Demirbaş Şarl). Тој е четвртиот крал од династија Вителсбах. Го наследил татко му на само 14 години на тронот на една од најмоќните држави во Европа. Русија, Данска, Полска и Прусија биле исплашени од силата на Шведското Царство и ја нападнале користејќи го малолетството на кралот (Големата Северна војна, 1700-1721). Карл покажал особени способности како полковник и последователно ги разрушил противниците. Но тој ги немал способностите на стратег и политичар и ја истоштувал земјата со непрекинати безрезултатни војни. Битката кај Полтава (1709) го навестила крајот на Шведското Царство. Карл бил ранет, паднал во кома и едвај бил спасен. Како бегалец бил примен од турскиот султан кој му обеќал помош. Минувајќи по земјите на Странџа, селаните масовно ги крстеле своите деца по него. И до ден денес има луѓе од тој крај кои се викаат Карл. Подоцна се враќа за да ја продолжи војната. За време на една опсада е убиен од случаен куршум, испукан од страна на Швеѓаните.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]