Прејди на содржината

Министер

Од Википедија — слободната енциклопедија

Овој серијал е дел од
темата „Политика

Системи

Портал „Политика“

Министер или повереник[1]политичар кој има важна управна улога во рамките на една национална или регионална влада на една држава. Тие се членови на кабинетот, обично под водство на монарх, генерален гувернер или претседател. Во уставните монархии суверениот или поткралот, и во полупретседателските земји, претседателот го има премиерот како главен советник.

Поимот „министер“ води потекло од средноанглиски израз, кој пак влече корени од старофранцускиот збор ministre, од латински: minister, што значи 'слуга' [2]. Во некои земји (како САД, Хонгконг, Филипините и Обединетото Кралство), таквото лице се нарекува секретар. Овој поим е користен и сѐ уште се користи во дипломатијата за второстепени дипломати (шефови на пратеништво). Во некои земји оваа функција се нарекува секретар.

Кај многу парламентарни системи на управување, особено оние со Вестминстерски модел како Обединетото Кралство, Канада и Австралија, мнистрите мораат да бидат избрани од законодавно тело. Кај претседателските системи на управа како САД и Мексико, министрите ги назначува претседателот, и не се избираат од парламентот.

Видови на министри

[уреди | уреди извор]
Земји со премиери (во сина боја), оние што претходно ја имале таа позиција (во темно црвена) и оние што никогаш не ја имале таа позиција (во сива боја).

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „повереник“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. [http://www.answers.com/minister&r=67 Архивирано на 16 август 2007 г. „министер“: дефиниција, синоними и многу повеќе од Answers.com (англиски)