Артур Зајс-Инкварт
Артур Зајс-Инкварт | |
---|---|
Федерален канцелар на Австрија | |
На должноста 11 март 1938 – 13 март 1938 | |
Претседател | Вилхелм Миклас |
Претходник | Курт Счусчинг |
Наследник | Аншлус (Адолф Хитлер како Водач и Канцелар на Нацистичка Германија) Карл Ренер (1945) |
Рајхкомесар на окупираните Холандски територии | |
На должноста 29 мај 1940 – 7 мај 1945 | |
Назначен(а) од | Адолф Хитлер |
Претходник | Александар фон Фалкенхаусен (воен гувернер) |
Наследник | - |
Министер за надворешни работи на Германија | |
На должноста 30 април – 2 мај 1945 | |
Претседател | Карл Доенитс |
Канцелар | Џозеф Гебелс |
Претходник | Јоаким фон Рибентроп |
Наследник | Лутс Граф Шверин фон Кросиг |
Лични податоци | |
Роден(а) | 22 јули 1892 Стонаров, Моравија, Австроунгарија |
Починал(а) | 16 октомври 1946 Нирнберг, Германија |
Партија | Националсоцијалистичка германска работничка партија (НСДАП) |
Сопружник | Гертруд Машка |
Деца | 3 |
Професија | Адвокат |
Вероисповед | Католик |
Артур Зајс-Инкварт (германски: Arthur Seyß-Inquart; 22 јули 1892 — 16 октомври 1946) бил истакнати правник, а подоцна и нацистички службеник во Австрија пред нацистичката окупација од страна на Германија и на Третиот рајх во Полска и Холандија. На Нирнбершкиот процес, Зајс-Инкварт е проглашен виновен за злосторства против човештвото и подоцна бил погубен.
Животопис
[уреди | уреди извор]Рана младост
[уреди | уреди извор]Зајс-Инкварт е роден во Стонаров, мал град во Моравија, тогаш дел од Австроунгарија. На неговото раѓање, презимето му било Зајтих[1], по неговиот татко чех кој бил директор на училиште (мајка му била Германка). Во 1907 година неговото семејство се сели во Австрија и го менува презимето во Зајс-Инкварт. Студирал право на Виенскиот универзитет, и дипломирал во 1917 година. На почеткот на Првата светска војна, во август 1914 се пријавил во австроунгарската војска. Бил на фронтови во Русија, Романија и Италија. Повеќепати бил одликуван за храброст, а дипломирал додека се опоравувал од повредите.
Во 1911 година, се запознал во Гертруд Машка и се оженил со неа во 1916 година. Имале три деца.
Политичка кариера
[уреди | уреди извор]По војната почнал да работи како адвокат, а во 1921 година отворил и своја пракса. За време на раните години од Првата Австриска Република бил близок со Патриотскиот фронт. Како успешен адвокат бил повикан во кабинетот на канцеларот Енгелберт Долфус на 12 март 1933 година. По Долфусовото убиство на 25 јули 1934 година станал државен советник додека пак канцелар бил Курт фон Шушинг. Во почетокот не бил член на Нацистичката партија, но бил наклонет на многу од ставовите и акциите од страна на партијата.[2] До 1938 година, Зајс-Инкварт се придружил на нацистите кога увидел какви би биле политичките струи во блиска иднина.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Артур Зајс-Инкварт“ на Ризницата ? |
- Биографија на Артур Зајс-Инкварта (англиски)
- Инвидуални одговорности Артура на Зајс-Инкварт на Нирнбершкиот процес Архивирано на 2 април 2010 г. (англиски)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ (англиски)"Нирнберг:Срамота на судот", Јосеф Е. Персико. Пристaпено: 10 април 2010.
- ↑ Л. Л. Шнајдер, Енциклопедија на Третиот Рајх (1976), МекГрав-Хил, стр. 320
|
|