Сремски фронт
Сремски фронт | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Втората светска војна во Југославија | |||||||
![]() Линијата на Сремскиот фронт (на југоисток) како дел од Источниот фронт во Европа во април 1945. |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Сојузниците:![]() (вклучувајќи и ![]() ![]() ![]() | Оската:![]() ![]() |
||||||
Команданти и водачи | |||||||
![]() | ![]() |
||||||
Жртви и загуби | |||||||
![]() (вклучувајќи ![]() ![]() ![]() | Вкупно 30,000 убиени[2] |
Сремски фронт бил воен фронт формиран по ослободувањето на Белград, стабилизиран во втората половина на јануари 1945 на линијата Мохово - источно од Товарник - западно од Шид - Илинци - река Босут - Батровци. Во јануари 1945 г. со наредба на ВК на НОВЈ биле формирани I, II и III, а на 1 март и IV армија на НОВЈ.

Во јануари 1945 г. XV МНОУК бил префрлен во Земун за Сремскиот фронт. Формациски влегол во I армија. Бројната состојба на корпусот на 21 јануари изнесувала 15.400 борци и старешини. Во текот на март 1945 г. на корпусот формациски му се придодадени I и II македонска артилериска бригада. Борците биле вооружени со ново, посовремено оружје добиено од советската армија. Македонскиот XV корпус во состав од 42 и 48 македонска дивизија и I и II Македонска артилериска бригада на Сремскиот фронт учествувале со околу 25.000 борци и старешини.
Фронтот бил пробиен на 13 април 1945, единиците ги продолжиле борбите до конечното ослободување на Југославија.
Состојбата кон крајот на летото и почетокот на есента 1944
[уреди | уреди извор]Во втората половина на септември 1944 единиците на НОВЈ и Црвената армија започнале да се приближуваат кон Белград, а со тоа и кон Срем. Германската Команда за Југоисток наредила да се започне со изградба на одбранбени позиции во Срем. По ослободувањето на Белград, на единиците на НОВЈ и Црвената армија им се пружила можност за широки офанзивни дејствија преку Сремската рамнина кон Винковци и Славонски Брод, а после тие операции и кон Загреб. Продорот на југословенските сили преку Срем, би ја довело германската војска на Балканот во тешка ситуација и би и отворило низа големи проблеми.

На прво место би било доведено во прашање повлекувањето на германската германската армиска група „Е“, со околу 350.000 луѓе, која се повлекувала од Грција и Албанија, со намера да се префрли во Унгарија. Оваа германска групација, бидејќи не успеала да пристигне до Белград, била принудена да се повлече преку Црна Гора и Херцеговина, по долините на реките Ибар и Западна Морава, преку Вишеград кон Сараево, и понатаму по долината на реката Босна, према Славонски Брод. Без цврсто држење на позициите во Срем, оваа најсилна германска групација на Балканот, тешко би можела да се повлече и префрли во Унгарија, како што било замислено во Берлин.

Сфаќајќи ја опасноста од воведување на посилни сили на НОВЈ и Црвената армија во Срем и можноста за целосно одвојување на германските групи во Југославија и Унгарија (Армиската група „Ф“ од армиската група „Југ“), Германците почнале да градат низа одбранбени позиции (линии) во Срем што го поврзуваат Дунав со Сава, односно Босут, на просторот помеѓу Рума и Винковци. На линиите им биле дадени кодни имиња: кафеава, зелена, жолта, црна, црвена, нибелуншка и повторно зелена линија, броејќи од исток кон запад.
Додека се воделе борби на улиците на Земун, ноќта на 21/22 октомври, Војводинскиот 12 ударен корпус и делови на Црвената армија ја преминале реката Сава кај Скела, Умка и Бољевци и преминале во Срем. Преминувањето преку Сава траело цели 24 часа, со користење на понтонски мостови, сплавови и чамци. Во самракот на 22 октомври 12-от корпус беше во Срем. Војводинците ослободиле неколку села и до крајот на денот избиле на Стара Пазова и Буѓановци.
Воени дејствија
[уреди | уреди извор]Пробив на Сремскиот фронт
[уреди | уреди извор]
Главната офанзива за пробив на Фронтот започнала на 12 април 1945 година, скоро 6 месеци по неговото воспоставување. Тој ден, единиците на Југословенската армија преминале во фронтален напад и по дводневни жестоки борби успеале ја пробијат германската и усташката одбрана на линијата меѓу градот Шид и вливот на реката Драва во Сава. Следниот ден, на 13 април, советската Црвена армија влегла во Виена, со тоа пресекувајќи го патот за извлекување на германските единици од Југославија. Воените дејства, со несмалена жестина, продолжиле и во деновите по пробивот на фронтот. Во наредниот период, повеќе од еден месец, силите на југословенската војска, по целата линија на фронтот, тргнале во прогон на разбиените германски единици и нивните сојузници, кои забрзано се повлекувале кон север.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 62nd Anniversary announcement, B92, 2007.
- ↑ 2,0 2,1 Stratište srpske mladosti, Vlada Arsić, 2008. (српски)