Четници

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ова е статија за Четници (поим). За четничките организации, видете Српски комитет на четничката акција и Југословенска војска во татковината.

Четници — членови на полувоени или воени единици. Терминот четник води потекло од воениот формациски термин чета кој се појавила на почетокот на XIX век, кога биле организирани ајдучки дружини кој сееле страв меѓу Турците, а членовите на тие дружини биле нарекувани четници. Тие биле организирани во мали доброволни дружини и го штителе населението од турските зулуми и насилија.

Самиот термин ченици е карактеристичен за поголемиот број на држави на Балканот, а своевремено свои четници имале повеќе организации: Врховниот македонски комитет, Македонската револуционерна организација, грчката „Етники Етерија“ и други, сите овие делувале кон крајот на XIX и почетокот на XX век меѓутоа постепено згаснале.

Во Србија, доктрината за четничкиот начин на војување посебно се развил во времето на кнезот Александар Караѓорѓевиќ (1842-1858), а српското четништво има своја генеза, тоа се родило како отпор против разните поробувачи но постепено се претворило во националистичко движење кое дејствувало во интерес на српската држава, а на штета на околните народи.

Четништвото како појава било најдолготрајно во Србија, со извесни периоди на прекини, се до втората светска војна [1][2][3][4] и затоа четништвото понекогаш во повеќето случаеви се поврзува само со оваа

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Ђекић, Ђорђе. Почеци српског четништва: организација четничког покрета у Кнежевини Србији у 19. веку. Београд: Слободна Књига, 2000.
  • Пешић, Миодраг Д. Стари четници. Крагуевац: Нови Погледи, 2000.